Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јаков 5:7-12

Јаков 5:7-12 MK2006

Бидете трпеливи, браќа мои, до доа­ѓањето на Господ! Ете, земјоделецот чека драгоцен плод од земјата и долго трпи за него, додека не добие дожд, ран или доцен. Па трпете и вие, укрепете ги срцата свои, зашто доаѓањето на Господ се приближи. Не оплакувајте се, браќа, еден на друг, та да не бидете осудени: ете, Су­ди­јата стои пред вратата. Браќа, како пример на страдања и долготрпенија земете ги пророците што зборуваа во името Господово. Ете, блажени се оние што истрајаа. Сте чуле за трпението на Јов и узнавте каков крај му даде Господ, затоа што Господ е многумилостив и се смилува на него. А пред сѐ, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту пак со некоја друга заклетва. И зборот нека ви биде да – да и не – не, за да не паднете под суд!