Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јаков 5:7-12

Јаков 5:7-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Имајте трпение, драги пријатели, додека чекате да се врати Господ. Погледнете како земјоделецот трпеливо чека скапоцениот плод на земјата да узрее за жетва, како трпеливо го чека пролетниот и есенскиот дожд. Бидете и вие трпеливи како него и охрабрете ги вашите срца: Господ брзо ќе дојде! Немојте да негодувате еден против друг, во спротивно Бог ќе ви суди! Еве Го Судијата, веќе стои пред врата! Драги мои, следете го примерот на пророците што зборуваа во името на Господ. Тие имаа трпение, дури и кога мораа да страдаат. Оние што најмногу издржаа, најмногу и ги почитуваме. Сте слушнале какво трпение покажа Јов и знаете како Господ на крајот го благослови. Господ е полн со милост и сочувство. Но пред се, драги пријатели, немојте да се колнете, ни во небото, ни во Земјата, ниту во што било друго. Доволно е да кажете само „да“ или „не“, за да не паднете под осуда.

Јаков 5:7-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Бидете трпеливи, браќа мои, до доа­ѓањето на Господ! Ете, земјоделецот чека драгоцен плод од земјата и долго трпи за него, додека не добие дожд, ран или доцен. Па трпете и вие, укрепете ги срцата свои, зашто доаѓањето на Господ се приближи. Не оплакувајте се, браќа, еден на друг, та да не бидете осудени: ете, Су­ди­јата стои пред вратата. Браќа, како пример на страдања и долготрпенија земете ги пророците што зборуваа во името Господово. Ете, блажени се оние што истрајаа. Сте чуле за трпението на Јов и узнавте каков крај му даде Господ, затоа што Господ е многумилостив и се смилува на него. А пред сѐ, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту пак со некоја друга заклетва. И зборот нека ви биде да – да и не – не, за да не паднете под суд!

Јаков 5:7-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И така, бидете трпеливи, браќа, до Господовото доаѓање! Ете, земјоделецот го чека скапоцениот род од земјата, чека трпеливо додека не го прими раниот и доцниот дожд. Чекајте трпеливо и вие, зацврстете ги своите срца, зашто е близу Госповото доаѓање. Не воздивнувајте, браќа, еден против друг, за да не бидете осудени: ете, Судијата стои пред вратата. За пример на злострадањата и на долготрпението земете ги, браќа, пророците, кои зборуваа во Господово име. Ете, блажени ги наречуваме оние, кои претрпеа. Чувте за трпењето на Јов, а видовте како Господ го заврши тоа; зашто Господ е многумилостив и сочувствителен. А пред сѐ, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту со некаква друга клетва! Вашето „да“, да биде „да“, а вашето „не“ - „не“, за да не паднете под суд.