Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јаков 3:2-10

Јаков 3:2-10 MK2006

Сите ние многу грешиме. Но оној, кој во зборови не греши, тој е совршен човек, силен да го заузда и целото тело. Ете, ако и ние на коњите им ставиме узда на устите, за да ни се покоруваат, тогаш управуваме со целото нивно те­ло. Па, ете, и корабите: иако се толку многу големи и силно гонети од бурни ветрови, со мало кормило се управуваат онаму каде што кормиларот сака; а така и јазикот е мал орган, но го­леми работи зборува. Ете, мал оган, а колку голема гора запалува; и јазикот е оган, свет полн со не­правда; јазикот се наоѓа во таква по­ложба меѓу нашите органи, што го ос­квернува целото тело и го пали времето на нашиот живот, воспалувајќи се сам од пеколот. Секаков вид ѕверови и птици, лазачи и риби, се скротува и се припитомува од човечкиот род, а јазикот никој не може да го скро­ти: тој е немирно зло и полн со смрто­носен отров. Со него Го благословуваме Бога и Отецот, со него ги колнеме луѓето создадени според подобието Божјо. Од истата уста излегува и благослов и клетва. Не треба, браќа мои, тоа така да биде.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност