Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јаков 1:2-18

Јаков 1:2-18 MK2006

Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека проверката на вашата вера создава трпеливост: трпеливоста, пак, нека биде со­вр­ше­но дело за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток. Ако некому од вас му недостига муд­рост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање – и ќе му се даде. Но да моли со вера и никако да не се сомнева; зашто оној кој се сомнева, при­ле­га на морски бран, кого ветрот го издига и растура; таков човек нека не мисли дека ќе добие нешто од Господ. Човек што се двоуми во сите свои патишта е непостојан. Братот, кој е на пониска положба, нека се фали со возвишеноста своја, а богатиот – со својата понизност, бидејќи тоа е минливо како цвет од тре­ва; зашто како што сонцето огрева и со својата жега ја исушува тревата, и цветот нејзин отпаѓа, и убавината на нејзи­ниот изглед исчезнува, така ќе овене и богатиот во својот пат. Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат. Ниеден, кога е во искушение да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува, но секого го искушува неговата по­хота која го влече и мами. Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт. Не мамете се, браќа мои возљубени. Секој добар дар и секој совршен по­дарок иде озгора, симнувајќи се од Оте­цот на светлината, во Кого нема про­мени ни сенка од измена. Зашто Тој нѐ роди по својата волја преку словото на вистината, за да би­деме првина меѓу Неговите созданија.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јаков 1:2-18