Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јаков 1:2-18

Јаков 1:2-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека проверката на вашата вера создава трпеливост: трпеливоста, пак, нека биде со­вр­ше­но дело за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток. Ако некому од вас му недостига муд­рост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање – и ќе му се даде. Но да моли со вера и никако да не се сомнева; зашто оној кој се сомнева, при­ле­га на морски бран, кого ветрот го издига и растура; таков човек нека не мисли дека ќе добие нешто од Господ. Човек што се двоуми во сите свои патишта е непостојан. Братот, кој е на пониска положба, нека се фали со возвишеноста своја, а богатиот – со својата понизност, бидејќи тоа е минливо како цвет од тре­ва; зашто како што сонцето огрева и со својата жега ја исушува тревата, и цветот нејзин отпаѓа, и убавината на нејзи­ниот изглед исчезнува, така ќе овене и богатиот во својот пат. Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат. Ниеден, кога е во искушение да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува, но секого го искушува неговата по­хота која го влече и мами. Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт. Не мамете се, браќа мои возљубени. Секој добар дар и секој совршен по­дарок иде озгора, симнувајќи се од Оте­цот на светлината, во Кого нема про­мени ни сенка од измена. Зашто Тој нѐ роди по својата волја преку словото на вистината, за да би­деме првина меѓу Неговите созданија.

Јаков 1:2-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Радувајте се, христијани, кога минувате низ разни искушенија, зашто знаете дека колку повеќе вашата вера се проверува, толку поистрајни станувате. Морате да научите се да издржите, за да станете зрели, целосни и ништо да не ви недостасува. Ако на некој од вас му недостасува мудрост, нека бара од Бог и Тој ќе му даде. Бог е дарежлив спрема сите и не се лути кога бараме нешто од Него. Но, кога барате, треба да барате со вера, без да се сомневате. Оној што се сомнева е како морски бран што ветрот го носи и го разбива. Таквиот човек нека не очекува дека ќе добие нешто од Господ, бидејќи е нерешителен и непостојан во се. Христијаните што се сиромашни треба да се гордеат со својот возвишен позив, а богатите - со понизност. Богатите ќе прецветаат како дивите цветови. Ќе огрее жешкото сонце, ќе ја исуши тревата, па дивите цветови ќе се исушат и сета нивна убавина ќе исчезне. Така е и со богатите. Ќе овенат презафатени со она што го работат. Благословен е оној човек, што и покрај искушенијата низ кои минува, останува верен. Откако ќе го помине испитот, Бог ќе го награди со вечен живот, како што им вети на сите што Го сакаат. Никој, кога е во искушение да направи нешто грешно, нека не вели: „Бог ме искушува со грев!“ Ниту Бог Себеси се проверува со грев, ниту пак вас ве проверува со грев. Секој паѓа во искушение тогаш кога ќе го намамат и ќе го фатат во стапица неговите сопствени, необуздани страсти. Кога необузданата страст ќе се зачне, таа раѓа грев, а растењето на гревот доведува до смрт. Мили мои, не дозволувајте да бидете измамени. Секој добар и совршен дар доаѓа од небото, од Бог, од Оној што ги создал небесните светила. Но за разлика од нив, Тој никогаш не се менува, кај Него нема сенка која би била резултат на поместување! Тој сакаше ние да бидеме првнина меѓу сите Негови созданија и затоа ни ја испрати вистинската порака, за да ни даде ново раѓање.

Јаков 1:2-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Сметајте ја за чиста радост браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпение! А трпението нека има совршено дело, за да бидете совршени и потполни: без никаков недостаток. Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој им дава на сите изобилно и без укор - и ќе му се даде. Но да моли со вера, без никакво сомнение; зашто оној кој се сомнева е сличен на морскиот бран кого ветерот го издига и го тера. Таквиот човек да не мисли, дека ќе прими нешто од Господа. Човекот со разделена душа е непостојан во сите свои патишта. Бедниот брат да се фали во својата возвишеност, а богатиот во својата понизност, зашто ќе помине како цветот на тревата. Зашто сонцето изгреа со жега и ја осуши тревата, па нејзиниот цвет отпадна и исчезна убавината на нејзиниот изглед. Така и богатиот ќе овене во своите патишта. Блажен е човекот, кој поднесува искушение, зашто кога ќе биде испитан, ќе прими венец на живот, што Бог им го ветил на оние, кои Го љубат. Ниеден, кој е искушуван, да не рече: „Бог ме искушува.“ Зашто, Бог не се искушува од злото, и Самиот никого не искушува. Туку, секого го искушува неговата сопствена похот, која го влече и го мами. Потоа похотта зачнува и раѓа грев, а направениот грев раѓа смрт. Не заблудувајте се, возљубени браќа мои. Секој добар дар и секој совршен подарок доаѓа одозгора, од Таткото на светлината, во Кого нема измени, ниту сенка од промена. Тој нѐ роди според Својата волја преку Словото на вистината, за да бидеме првина на Неговите созданија.