Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 9:1-7

Исаија 9:1-7 MK2006

Народот, кој оди во темнина, ќе види голема светлина; врз оние што живеат во земјата на смртната сенка, ќе болсне светлина. Ти ќе го умножиш народот, ќе ја зголемиш радоста негова. Тој ќе се ве­сели пред Тебе, како што се веселат за време на жетва, како што се радуваат при делење на плен. Зашто јаремот, кој му тежеше, и же­золот што го поразуваше, и стапот на неговиот угнетувач – Ти ќе ги скршиш, како во денот на Мидјан. Зашто секоја војничка обувка во време на војна и облека, извалкана од крв, ќе бидат предадени на изгорување, за храна на огнот. Зашто дете ни се роди – Син ни се даде; власта е на рамењата Негови, и ќе Го наречат: Чудесен Советник, Бог си­лен, Отец вечен, Кнез на мирот. Неговата власт и мирот бескраен ќе растат врз престолот на Давид и во цар­ството негово, за да го утврди Тој и да го зацврсти преку суд и правда отсега па довека. Тоа ќе го направи ревноста на Господ Саваот. Господ му испраќа слово на Јаков, тоа слегува врз Израел