Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 7

7
Исаија му дава надеж на царот Ахаз
1 # 1,1-9; 2 Цар 16,5-9; 2 Лет; 28,5-15 Во дните на Ахаз – синот на Јотам, син Озиев, цар јудејски, – Рецин, ца­рот арамејски, и Факиј, синот Ремалиев, цар израелски, отидоа против Ерусалим да го завладеат, но не можеа да го преземат. 2Тогаш му беше соопштено на домот Давидов и речено: „Арамејци се сместија во земјата Ефремова. И му затрепери срцето на Ахаз и срцето на народот негов, како што од ветар се нишаат дрвјата.“ 3#36,2; 2 Цар 18,17; 20,20И му рече Господ на Исаија: „Из­лези ти и син ти Шеар-Јашув да го пречекаш Ахаз на крајот од горното езеро по патот кај нивата на вала­вичарот, 4#8,12; 30,15; Амос 4,11; Зах 3,2и кажи му: Охрабри се и биди спо­коен; не плаши се, и да не се плаши срцето твое пред двата краја на тие гламји што чадат, од пламениот гнев на Рецин, на Арамејците и на синот Ремалиев. 5Арам, Ефрем и синот Ремалиев кројат против тебе зло, велејќи: 6‚да одиме против Јудеја и да ја ис­плашиме, да ја завладееме и да го пос­тавиме за цар Тавеловиот син.‘ 7#8,10; Ер 44,28; Пс 33,10; 17,3Но Господ Бог вели вака: Тоа нема да стане и нема да се изврши, 8зашто главата на Арам е Дамаск, а главата на Дамаск – Рецин; по шеесет и пет години Ефрем ќе престане да биде народ; 9#28,16; 30,15; 2 Лет 20,20глава на Ефрем е Самарија, а глава на Самарија – синот Ремалиев. Ако не верувате, нема да се одржите.“
Пророштво за Имануел
10И продолжи Господ да му говори на Ахаз и му рече: 11#Суд 6,36-40; Пс 139,8; Мт 16,1-4„Барај за себе знак од Господ, твојот Бог: барај или во длабочините или во височините.“ 12#5 Мојс 6,16; Пс 78,18Но Ахаз рече: „Нема да барам и нема да Го искушувам Господа.“ 13#Мих 6,3Тогаш Исаија рече: „Слушајте, пак, доме Давидов! Зар ви е малку тоа што им дотежнувате на луѓето, па сакате да Му дотежнувате и на мојот Бог?“ 14#9,5; 38,7; 1 Мојс 16,11; Суд 13,3; Мих 5,2; Мт 1,23; Лк 1,31Затоа Самиот Господ ќе ви даде доказ: ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Му го дадат името Има­нуел. 15#7,22Тој ќе се храни со млеко и мед, додека да се научи да го отфрла лошото и да го избира доброто. 16#23,1-17; 5 Мојс 1,39; 1 Цар 3,9Зашто, пред детето да се научи да го отфрла лошото и да го избира доброто, оваа земја, од која ти се плашиш, ќе биде оставена од двајцата цареви. 17#8,7-8; 2 Цар 15,29Но Господ ќе испрати врз тебе и врз народот твој и врз домот на татко ти, такви денови, какви што не доаѓале, откако Ефрем се оддели од Јуда – ќе го испрати асирскиот цар.
Закана со инвазија
18 # 5,26; 5 Мојс 1,44 И ете, во тој ден Господ ќе им даде знак на мувите, што се кај устието на египетската река, и на пчелите, што се во асирската земја, – 19#2,19и ќе долетаат и ќе заседнат сите тие по запустените долини и по камените пештери и по сите трништа и по сите дрвја. 20#3,24; Ез 5,1Во тој ден Господ ќе ги избричи со брич, земен од оваа страна на Реката – преку асирскиот цар, главата и влакната на нозете, ќе ја симне дури и брадата. 21#11,6И во тој ден, кој храни крава и две овци, 22#4,3поради изобилството на млеко, што тие ќе го дадат, ќе јаде масло; со масло и мед ќе се хранат сите, кои останале во таа земја. 23#5,6.10; Песна 8,11Во тој ден на секое место, каде што растеле илјада лози за илјада сребреници, ќе има глог и трниште. 24#32,13-14Таму ќе се оди со лакови и стрели, бидејќи целата земја ќе е во глогови и трњаци. 25#5,5.17; 27,10; Соф 2,6-7И на ниедна од горите, што биле расчистувани со мотика, нема да одиш, поради страв од глог и од трње; таму ќе истеруваат говеда и ситен добиток ќе гази.

Селектирано:

Исаија 7: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се