Духот на Господ Бог е врз Мене, зашто Господ Ме помаза за да им благовествувам на бедните, Ме испрати да лекувам скрушени по срце, да им проповедам на заробените и на затворениците – отворање на темницата, да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог; да ги утешам сите оние што тагуваат, да им соопштам на оние што тагуваат на Сион дека ним место пепел ќе им се даде украс, место плачење – мирисно масло на радост, место опаднат дух – славна облека; и ќе ги наречат дабови на правда, градина на Господ за Негова слава; и ќе ги изградат древните урнатини, ќе обноват стари урнатини и ќе подноват разурнати градови, запустени од дамнешни родови. Тогаш ќе дојдат туѓинци, и ќе ги пасат стадата ваши; синовите на туѓинците ќе бидат ваши земјоделци и ваши лозари. А вие ќе се нарекувате свештеници на Господ, – служители на нашиот Бог ќе ве нарекуваат; ќе се користите со имотот на народите и ќе се прославувате со нивните богатства. Заради тоа што бевте двојно посрамени, подбивот и срамот им беа наследство, затоа во земјата ќе добијат двојно; вечна веселба ќе има кај нив. Зашто Јас, Господ, ја сакам правдата, го мразам грабежот со насилството, и ќе им дадам награда според вистината и ќе направам со нив вечен завет; и семето нивно ќе биде познато меѓу народите, и потомството нивно – меѓу племињата; сите, што ќе ги видат, ќе познаат дека се тие семе благословено од Господ. Многу ќе се радувам во Господ, душата моја ќе се развесели во мојот Бог: зашто Тој ме облече во спасителна облека, ми облече облека на правда, како на младоженец ми стави венец и како невеста со накит ме украси.
Прочитај Исаија 61
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исаија 61:1-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа