Синот на туѓинецот, кој се присоединил кон Господ, да не вели: „Господ сосема ме оддели од Својот народ“, и евнухот да не рече: „Ете, јас сум суво дрво.“ Зашто вака вели Господ за евнусите: „Оние што ги пазат Моите саботи и го избираат она, што Ми е Мене угодно, оние што цврсто се придржуваат за заветот Мој, – ним ќе им дадам во домот Свој и во ѕидините Свои место и име подобро отколку на синовите и ќерките: ќе им дадам вечно име, кое нема да биде истребено.“ И синовите на туѓинците, што се присоединиле кон Господ, за да Му служат и да го сакаат името на Господ, да бидат слуги Негови, – сите кои ја пазат саботата да не ја осквернат и цврсто се придржуваат за заветот Мој, Јас ќе ги одведам на Мојата света гора и ќе ги зарадувам во Мојот дом за молитва: сепалениците нивни и жртвите нивни ќе бидат благопријатни врз Мојот жртвеник, зашто Мојот дом ќе се нарече молитвен дом за сите народи. Господ Бог, Кој ги собира распрснатите Израелци, вели: покрај веќе собраните Израелци, ќе собирам и други.
Прочитај Исаија 56
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исаија 56:3-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа