Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 56:3-8

Исаија 56:3-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Синот на туѓинецот, кој се присоединил кон Господ, да не вели: „Господ сосема ме оддели од Својот народ“, и евнухот да не рече: „Ете, јас сум суво дрво.“ Зашто вака вели Господ за евнусите: „Оние што ги пазат Моите саботи и го избираат она, што Ми е Мене угодно, оние што цврсто се придржуваат за заветот Мој, – ним ќе им дадам во домот Свој и во ѕидините Свои место и име подобро отколку на синовите и ќерките: ќе им дадам вечно име, кое нема да биде истребено.“ И синовите на туѓинците, што се присоединиле кон Господ, за да Му служат и да го сакаат името на Господ, да бидат слуги Негови, – сите кои ја пазат саботата да не ја осквернат и цврсто се придржуваат за заветот Мој, Јас ќе ги одведам на Мојата света гора и ќе ги зарадувам во Мојот дом за молитва: сепалениците нивни и жрт­вите нивни ќе бидат благопријатни врз Мојот жртвеник, зашто Мојот дом ќе се нарече молитвен дом за сите народи. Господ Бог, Кој ги собира рас­прснатите Израелци, вели: покрај веќе собраните Израелци, ќе собирам и други.

Исаија 56:3-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Нека синот на туѓинецот, кој се прилепил кон Господа, не зборува: „Господ ќе ме одвои сосем од својот народ.“ Нека скопениот не зборува: „Еве, јас сум суво дрво.“ Зашто вака зборува Господ: „Со скопените што ги пазат саботите, кои избираат што Ми е мило Мене, и остануваат постојани во Мојот Завет ќе издигнам во Мојата куќа и меѓу Моите ѕидови споменик и име, подобро отколку на синовите и ќерките, ќе им дадам вечно име што не ќе биде истребено. А туѓинските синови, кои се определија за Господа за да Му служат и за да го љубат Господовото Име и за да Му бидат слуги, кои ја почитуваат саботата и не ја онечистуваат и кои се постојани во Мојот Завет, нив ќе ги доведам на Мојата Света Гора и ќе ги развеселам во Мојот Молитвен Дом. Нивните паленици и жртви ќе бидат угодни на Мојот жртвеник, зашто Мојот Дом ќе се нарече Дом на Молитва на сите народи.“ Говори Господ Бог, Кој ги собира распрснатите Израелци: „Ќе ги соберам уште покрај оние што веќе се собрани.“