Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 53:5-12

Исаија 53:5-12 MK2006

А Тој беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме. Сите ние бевме заблудени како овци, секој си одеше по својот пат, – и Господ ги натовари врз Него гревовите на сите нас. Тој беше измачуван, но страдаше доброволно и устата Своја не ја отвораше; како јагне Тој беше одведен на колење, и како што е овцата пред стри­жачите свои безгласна, така и Тој не ја отвори устата Своја. Тој беше лишен од праведен суд. Кој може да зборува за Неговите наследници? Зашто беше отсечен од земјата на живите; заради беззаконијата на Мојот народ беше осуден на смрт. Му определија гроб со злодејци, но Тој беше погребан кај богатиот, иако Тој не беше направил грев и во устата Негова немаше лага. Но волјата Господова беше да Го казни, и Го предаде на мачење; а кога ќе го принесе Својот живот како милос­тивна жртва, Тој ќе види долговечно потомство, и волјата Господова ќе на­предува преку Неговата рака. Ќе се зарадува поради трудот на душата Своја и ќе види светлина. Пра­ведниот Слуга Мој ќе ги оправда мно­зина и гревовите нивни врз Себе ќе ги понесе. Затоа Јас ќе Му дадам големо нас­ледство, со силните плен ќе дели, зашто Себеси на смрт се предаде, и меѓу зло­дејците беше вброен и ги понесе врз Се­бе гревовите на мнозина и за престапниците стана посредник.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Исаија 53:5-12

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност