Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 53:5-12

Исаија 53:5-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А Тој беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме. Сите ние бевме заблудени како овци, секој си одеше по својот пат, – и Господ ги натовари врз Него гревовите на сите нас. Тој беше измачуван, но страдаше доброволно и устата Своја не ја отвораше; како јагне Тој беше одведен на колење, и како што е овцата пред стри­жачите свои безгласна, така и Тој не ја отвори устата Своја. Тој беше лишен од праведен суд. Кој може да зборува за Неговите наследници? Зашто беше отсечен од земјата на живите; заради беззаконијата на Мојот народ беше осуден на смрт. Му определија гроб со злодејци, но Тој беше погребан кај богатиот, иако Тој не беше направил грев и во устата Негова немаше лага. Но волјата Господова беше да Го казни, и Го предаде на мачење; а кога ќе го принесе Својот живот како милос­тивна жртва, Тој ќе види долговечно потомство, и волјата Господова ќе на­предува преку Неговата рака. Ќе се зарадува поради трудот на душата Своја и ќе види светлина. Пра­ведниот Слуга Мој ќе ги оправда мно­зина и гревовите нивни врз Себе ќе ги понесе. Затоа Јас ќе Му дадам големо нас­ледство, со силните плен ќе дели, зашто Себеси на смрт се предаде, и меѓу зло­дејците беше вброен и ги понесе врз Се­бе гревовите на мнозина и за престапниците стана посредник.

Исаија 53:5-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме. Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат. А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас. Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста. Со сила и со суд се ослободија од Него, и кој ќе го искаже Неговиот род? Да, од земјата на живите го отстранија Него, за гревовите на Неговиот народ, го ранија на смрт. Му го одредија погребението меѓу злочинците, а Неговиот гроб беше при богатите, иако не направи неправда, ниту пак устата Му изусти лага. Но на Господа му беше угодно да Го порази, и Тој Го предаде Него на мачење; кога го жртвува Својот живот како принос за грев, ќе види потомство, ќе ги продолжи своите денови, и Господовата волја ќе се исполни преку Него. Заради страдањата на Својата душа ќе види светлина и ќе се насити со нејзиното сознавање. Мојот праведен Слуга ќе оправда мнозина и нивната вина ќе ја земе на Себе. Затоа ќе Му дадам мноштво во наследство, и со силните ќе го дели пленот, зашто Сам се понуди на смрт и беше вброен меѓу злосторниците, за да ги понесе гревовите на мнозина на Себе и за да се заземе за злочинците.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност