Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 52:1-12

Исаија 52:1-12 MK2006

Дигни се, дигни, облечи се во силата своја, Сионе! Облечи се во облеката на величието свое, Ерусалиме, свети граде! Зашто отсега нема повеќе да влегува во тебе необрезан и нечист. Истреси го од себе правот; стани, заробен Ерусалиме! Симни ги веригите од вратот свој, заробена ќерко Сионова! Зашто вака вели Господ: „За ништо бевте продадени, и без пари ќе бидете откупени.“ И уште вака вели Господ Бог: „Народот Мој одеше порано во Египет за да поживее таму, а Ашур го притеснуваше без причина. А сега што имам тука“ – вели Господ: „Народот Мој е земен без при­чина, владетелите нивни беснеат, вели Господ, и постојано, секој ден, името Мое се навредува. Затоа Мојот народ ќе го познае името Мое; затоа ќе разбере во оној ден дека Јас сум истиот, Кој вели: ‚еве Ме!‘“ Колку се прекрасни врз горите нозе­те на благовесникот, кој навестува мир, благовестува радост, проповеда спасение, кој му говори на Сион: „Твојот Бог царува!“ Ете го гласот на твоите стражи! Тие кренаа глас, и сите заедно ликуваат, за­што со очите свои гледаат дека Господ се враќа во Сион. Веселете се, пејте заедно, урнатини ерусалимски, зашто Господ го утеши народот Свој – го откупи Ерусалим. Ја засука Господ Својата света десница пред очите на сите народи, – и сите краишта земни ќе го видат спасението од нашиот Бог. Одете си, одете си, излезете оттаму; не допирајте се до нечисто; излезете од средината негова, очистете се, вие што носите садови Господови! Зашто нема да излезете набрзина и нема да бегате; зашто пред вас ќе тргне Господ, и Бог Израелов ќе биде зад вас.