Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 5:1-7

Исаија 5:1-7 MK2006

Ќе Му ја запеам на мојот Возљубен Неговата песна за лозјето Негово. Мојот Возљубен имаше лозје на врвот од плодороден рид; Тој го огради и го исчисти од ка­мења, насади во него избор од лозови прачки, изгради кула во средината не­гова, направи големи каци; оче­куваше да роди добро грозје, а тоа роди диво грозје. Па сега, жители ерусалимски и ма­жи Јудејци, пресудете меѓу Мене и Моето лозје. Што уште требаше да направам за Моето лозје и не го направив? Зошто, кога очекував принос од добро грозје, тоа даде диво грозје? Сега ќе ви кажам што ќе направам со лозјето Свое: ќе ја иставам оградата, и тоа ќе биде опустошено; ќе му ги раз­рушам ѕидиштата, и ќе биде газено: ќе го оставам да запусти: нема ни да го кројат, ни да го копаат – ќе обрасне во трње и боцки, ќе им заповедам на облаците да не истураат дожд врз него. Лозјето на Господ Саваот е домот Израелов, а луѓето на Јуда – Негова љу­бена градина. И чека Тој правосудие, но ете – крвопролевање; чека правда, а ете – пискот.