Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 5:1-7

Исаија 5:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Ќе Му ја запеам на мојот Возљубен Неговата песна за лозјето Негово. Мојот Возљубен имаше лозје на врвот од плодороден рид; Тој го огради и го исчисти од ка­мења, насади во него избор од лозови прачки, изгради кула во средината не­гова, направи големи каци; оче­куваше да роди добро грозје, а тоа роди диво грозје. Па сега, жители ерусалимски и ма­жи Јудејци, пресудете меѓу Мене и Моето лозје. Што уште требаше да направам за Моето лозје и не го направив? Зошто, кога очекував принос од добро грозје, тоа даде диво грозје? Сега ќе ви кажам што ќе направам со лозјето Свое: ќе ја иставам оградата, и тоа ќе биде опустошено; ќе му ги раз­рушам ѕидиштата, и ќе биде газено: ќе го оставам да запусти: нема ни да го кројат, ни да го копаат – ќе обрасне во трње и боцки, ќе им заповедам на облаците да не истураат дожд врз него. Лозјето на Господ Саваот е домот Израелов, а луѓето на Јуда – Негова љу­бена градина. И чека Тој правосудие, но ете – крвопролевање; чека правда, а ете – пискот.

Исаија 5:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Ќе му ја запеам на својот возљубен, песната на мојот љубен, на неговото лозје: Мојот љубен имаше лозје на плодно ритче. Го ископа, ги исчисти камењата, го засади со благородна лоза. Среде него тој изгради стражарница, и стави пивница во него. Се надеваше дека ќе роди добро грозје, но тоа роди диво грозје. „Сега ерусалимски жители и луѓе Јудејци, пресудете меѓу Мене и Моето лозје. Што можев уште да направам за Своето лозје па што веќе не го направив? Се надевав дека ќе роди добро грозје, а ете, роди кисело грозје? Но, сега ќе ви кажам што ќе направам од Своето лозје: ќе му го отстранам плетот, за да го опустат, ќе го разурнам ѕиданото, за да го изгазат. Ќе го претворам во пустина, ни режано ни ископано, нека зарасте сето во трниште и трње; ќе им забранам на облаците да не леат дожд на него.“ Лозјето на Господа над Воинствата е Израелевиот дом; Неговиот избран расад: луѓето Јудејци. Тој чекал правдосудство, а ете крвопролевање; чекал правда, а ете пискот.