Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 5

5
За неродното грозје Господово
1 # Ер 2,21; Ос 10,1 Ќе Му ја запеам на мојот Возљубен Неговата песна за лозјето Негово. Мојот Возљубен имаше лозје на врвот од плодороден рид; 2#27,2-5; 5 Мојс 32,32; Мт 21,33; Мк 12,1Тој го огради и го исчисти од ка­мења, насади во него избор од лозови прачки, изгради кула во средината не­гова, направи големи каци; оче­куваше да роди добро грозје, а тоа роди диво грозје. 3#Ер 2,4-7; Мих 6,1-5Па сега, жители ерусалимски и ма­жи Јудејци, пресудете меѓу Мене и Моето лозје. 4Што уште требаше да направам за Моето лозје и не го направив? Зошто, кога очекував принос од добро грозје, тоа даде диво грозје? 5#Ос 2,14; Пс 80,12; Изреки 24,31Сега ќе ви кажам што ќе направам со лозјето Свое: ќе ја иставам оградата, и тоа ќе биде опустошено; ќе му ги раз­рушам ѕидиштата, и ќе биде газено: 6#32,13; 5 Мојс 11,14; 2 Сам 1,21; Ос 10,8; Амос 4,7; Агеј 1,10ќе го оставам да запусти: нема ни да го кројат, ни да го копаат – ќе обрасне во трње и боцки, ќе им заповедам на облаците да не истураат дожд врз него. 7#Ер 31,20; Пс 9,12; Проп 3,16Лозјето на Господ Саваот е домот Израелов, а луѓето на Јуда – Негова љу­бена градина. И чека Тој правосудие, но ете – крвопролевање; чека правда, а ете – пискот.
Исаија ги осудува социјалните неправди
8 # 1 Цар 21,1-16; Ер 22,13-19; Ез 7,5-26; Амос 6,1-7; Мих 2,2; Авак; 2,6-20; Лк 6,24-26 Тешко ви вам, кои прилепувате куќа кон куќа, кои присоединувате нива кон нива, така што за другите да не останува место, како да сте само вие населени на земјата! 9#1,7; 6,11; 17,9; Амос 3,15Во ушите мои – Господ Саваот рече: – тие многубројни домови ќе бидат пусти, тие големи и убави куќи ќе бидат без жители; 10#7,23; Агеј 2,16десет ари лозје ќе дадат едно буре, а еден гомер посеано семе, одвај ќе доне­се една ефа. 11#22,13; 28,1; 56,12; Јоил 1,5; Амос 4,1; Мих 2,11Тешко им на оние, кои од рано утро бараат жесток пијалак и до доцна вечер се згорештуваат со вино; 12#Амос 6,5-6; Пс 28,5; 143,5-6; Изреки 23,29-30на нивните гоштавки има и харфа и лира, и тимпани, и свирка и вино; а кон делата на Господ тие и не погледнуваат, ниту помислуваат за делата на Него­вите раце. 13#Ос 4,6; Амос 8,13Затоа Мојот народ ненадејно ќе отиде во ропство; неговите големци ќе гладуваат, богаташите негови ќе се ма­чат од жед. 14#Авак 2,5; Изреки 27,20; 30,15-16Затоа пеколот се раширил и без мерка ја отворил устата своја: таму ќе слезе нивната слава и нивното богат­ство, вревата нивна и сѐ што ги весели. 15#2,9.11; Пс 18,27Смртникот ќе се свитка, човекот ќе се понижи и гордите луѓе очи ќе наведнат; 16#1,26; 6,3; 33,5; 3 Мојс 10,3; Ез 20,41а Господ Саваот ќе се возвеличи во суд, светиот Бог ќе ја соопшти светоста Своја во правда. 17#7,25; 32,14И овците ќе си пасат како на па­сишта, и туѓинци ќе се хранат со оставените плодни пасишта на бога­тите. 18Тешко им на оние, кои влечат по себе беззаконие со јажиња на суетност и грев – како со колски ремења; 19#Ер 17,15; Ез 12,28; 2 Птр 3,3-4кои велат: „Нека побрза Тој и нека го забрза делото Свое, за да видиме; нека се приближи и нека се исполни решението на Светецот Израелов, за да дознаеме!“ 20#Мих 3,2; Изреки 17,15; Мт 23,13Тешко им на оние, кои злото го нарекуваат добро, а доброто – зло; тем­нината ја сметаат за светлина, светлината – за темнина, горчливото – за слатко, а слаткото – за горчливо! 21#29,14; Изреки 3,7; Јн 9,40-41; Рим 1,21-22; 11,25Тешко им на оние, кои се мудри во своите очи и разумни пред самите себеси! 22#5,11; Песна 8,2Тешко им на оние, кои се храбри вино да пијат и силни да приготвуваат жесток пијалак, 23#Изреки 17,15кои за подароци го оправдуваат виновниот, а ги лишуваат праведните од законитото! 24#1,4; 10,17; Мал 3,19Затоа, како што огнот ја јаде сламата, и пламенот го голта сеното, така ќе загине коренот нивни, цветот нивни ќе се разнесе како прав; зашто тие го отфрлија законот на Господ Саваот и го презреа словото на Светецот Израелов. 25#9,11.16.20; 10,4; Ер 7,33; 9,21; Авак 3,6; Пс 18,7Затоа гневот на Господ ќе се разгори против Неговиот народ, ќе ја протегне раката Своја против него и ќе го порази, така што планините ќе затре­перат и труповите нивни ќе бидат како ѓубре по улиците. А при сето тоа гневот Негов нема да се одврати и раката Не­гова уште ќе биде протегната.
Туѓинци ќе нападнат
26 # 11,10.12; 49,22; Ер 4,6; 50,2 И ќе крене знаме за далечни народи и ќе им даде знак на оние што жи­веат на крајот од земјата, и ете, тие лесно и брзо ќе дојдат; 27#56,10; Наум 3,18; Пс 105,37; 121,3-4кај нив нема да има ни умрен, ни премален; ниеден нема да задреме и нема да заспие; нема да се отпаше појасот од половината негова и нема да се одврзе ремен од чевлите негови; 28#Ер 4,13; 47,3; Пс 7,12-13; 45,6стрелите им се изострени, сите ла­кови – им се затегнати; копитата на ко­њите нивни се како кремења, а бојните коли нивни – како виор; 29#Ер 2,15; Ос 5,14; Амос 3,12рикањето нивно е како рикањето на лавица; тие рикаат како лавчиња; ќе го зграпчат пленот и ќе го однесат и никој нема да им го одземе. 30#8,22; Ер 4,23; Јоил 2,2; Соф 1,15Во оној ден ќе зарика против него како бучава на разбеснето море; ќе по­гледне Тој на земјата, и ете, темнина и жалост, а светлината потемнела во облаците.

Селектирано:

Исаија 5: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност