Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 48

48
Господ го укорува Својот непослушен народ
1 # 5 Мојс 6,13; Ис.Н. 23,7; Ер 5,2; Амос 5,21; Мих 3,9 Слушај го ова, доме Јаковов, вие, кои се нарекувате со името на Израел и кои сте произлегле од Јуда, кои се колнете во името Господово, Го спомнувате Бог Израелов, иако не по вистина и не по правда. 2#52,1; Амос 4,13; Мих 3,11Зашто тие се нарекуваат по светиот град и се потпираат на Бог Израелов; Јахве Саваот е името Негово. 3#41,22Поранешното Јас однапред го претскажав, и она што од устата Моја изле­гуваше и Јас го навестував и брзо го вршев, – и сѐ се извршуваше. 4#2 Мојс 32,9; 5 Мојс 9,6.13; Ер 5,3Јас знаев дека ти си тврдокорен дека во твојот врат има железни жили, и челото ти е бакарно; 5#42,9; 46,10; Ер 44,18затоа и однапред ти навестував, пред да се случи тоа, и ти навестував, за да не речеш: „Мојот идол го направи тоа, мо­јот идол и мојот излеан лик заповеда тоа да стане.“ 6#42,9; 43,19Ти си го чул и видел сето тоа! И зар нема да го признаеш тоа? А сега те из­вестувам за нешто ново и сокриено, што ти не си го знаел. 7Тоа се изврши сега, а не одамна и не пред еден ден, и ти не си слушал за не­го, за да кажеш: „Ете, јас го знаев тоа.“ 8#1,2; 41,26; 43,27; Пс 58,3Ти не си слушал, ниту си знаел за тоа, и увото твое порано не беше отво­рено; зашто Јас знаев дека ти ќе поста­пиш вероломно; од самата мајчина ут­роба си наречен отстапник.
Предупредување за Израел
9 # 41,20; Ез 36,22 Заради името Свое го одлагав Сво­јот гнев и заради славата Своја се воз­држував да не те истребам. 10#Зах 13,9; Пс 66,10Ете, те пречистив, но не како среб­ро, те испитав во печката на страдањата. 11#42,8; 48,9Заради Себе, заради Самиот Себе го вршам тоа, – зашто, каква навреда би била за името Мое! Славата Своја нема да ја дадам на друг. 12#41,4; 44,1.6; Откр 2,8Чуј Ме, Јакове и Израеле, повикан од Мене: Јас сум истиот, Јас сум првиот и Јас сум последниот. 13#42,5-6; 45,12; Пс 33,9; Рим 4,17Мојата рака ја основа земјата, Мојата десница го распростре небото; ќе ги повикам, – и тие ќе се постројат.
Господ им се обраќа на народите
14 # 44,18; 53,10 Соберете се сите и слушајте: кој од нив го претскажал ова? Господ го воз­љуби, и тој ќе ја исполни волјата Негова над Вавилон и ќе ја покаже силата Негова над Халдејците. 15#45,13Јас, Јас реков, и го повикав; Јас го доведов, патот негов ќе биде успешен. 16#45,19; 61,1Пристапете кон Мене, слушајте го ова: Јас и во почетокот не говорев тај­но; и кога се извршуваше тоа, Јас бев таму; и сега Ме испрати Господ Бог и Неговиот дух.
Слушајте Го Господа
17 # 41,14; 44,6 Вака вели Господ, твојот Искупи­тел, Светецот Израелов: Јас сум Гос­под, Бог твој, Кој те учи на добро, Кој те води по оној пат, по кој треба да одиш. 18#66,12О, да беше ги слушал Моите за­поведи! Тогаш твојот мир ќе беше како река, и твојата правда – како морски бранови. 19#10,22; 1 Мојс 15,5; 22,17; 1 Сам 24,22; Пс 37,38И твоето потомство би било како песок, а породот од утробата твоја, – како зрнцата негови: името твое не би се истребило, нити избришало пред Мене. 20#41,8; Ер 50,8; 51,6.45; Пс 126,1-2; Откр 18,4Излегувајте од Вавилон, бегајте од Халдејците, со радосен глас разгла­сувајте и проповедајте го тоа, ширете ја таа вест до крајот на земјата; кажувај­те: „Господ го откупи Својот слуга Јаков.“ 21#40,3; 2 Мојс 17,1-7; Пс 78,15-16.20Не ожеднуваа тие во пустините, преку кои Тој ги води: Тој им извади во­да од камен; пресече карпа – и бликнаа води. 22#48,18; 57,21Нема мир за лошите, вели Господ.

Селектирано:

Исаија 48: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност