Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 38

38
Болеста и оздравувањето на царот Езекија
(2 Цар 20,1-11; 2 Лет 32,24-26)
1 # 2 Цар 20,1-11 Во тие денови Езекија се разболе смртно. И дојде кај него пророкот Исаија, синот Амоцов, и му рече: „Вака вели Господ: направи тестамент за домот свој, зашто ќе умреш, нема да оздравиш.“ 2Тогаш Езекија се сврте со лицето кон ѕидот и се помоли на Господ велејќи: 3„О, Господи! Сети се дека јас одев пред Твоето лице верно и со предано срце кон Тебе и вршев она што беше угодно пред Твоите очи.“ И силно заплака Езекија. 4И дојде словото Господово кон Исаија и му беше речено: 5#Пс 39,12„Оди, кажи му на Езекија: вака вели Господ, Бог на твојот предок Давид: ја чув твојата молитва, ги видов твоите солзи, и ете, додавам кон твоите дни уште петнаесет години, 6#31,5; 37,35ќе те спасам тебе и овој град од ра­ката на царот асирски. Да, ќе го зачу­вам тој град. 7И еве ти знак од Господ дека Господ ќе го исполни словото што го изрече. 8#7,11-14; 37,30; 2 Цар 20,11Еве, ќе ја вратам десет стапки назад сончевата сенка, која мина по стапките Ахазови.“ И се врати сонцето десет стапки по стапките, по кои тоа слегуваше.
Благодарноста на Езекија
9Молитвата на јудејскиот цар Езе­кија, кога беше болен и оздраве од бо­леста: 10#Пс 107,18; Јов; 17,11-13„Си реков во себеси: кога ги преполовив дните свои, треба да влезам во портите на Подземјето; јас сум лишен од остатокот на годините свои. 11#Пс 27,13; Проп 9,5-6Јас реков: нема да Го видам Господ Бог во земјата на живите; нема да ви­дам повеќе човек меѓу оние што живеат во светот; 12#Пс 90,5-6; Јов 4,20; 7,6; 14,2; 2 Кор 5,1-4; 2 Птр 1,13-14моето живеалиште се симна од мес­тото и се оддалечи од мене како ов­чарски шатор; како ткаач треба да го пресечам животот свој; Тој ме отсече од основа; дење и ноќе чекав дека Ти ќе пратиш смрт. 13#Пс 51,9; Јов 10,16; Плач 3,4Чекав до утрото; како лав Тој ги кршеше сите мои коски; ден и ноќ чекав дека ќе ми испрати смрт. 14#59,11; 1 Мојс 27,1; Ез 7,16; Наум 2,8; Пс 69,3; 121,1; 123,1-2Како жерав, како ластовичка цив­кав, како гулаб тагував; очите мои гледаа кон небото: Господи, притеснет сум, спаси ме. 15Што да кажам? Тој ми рече, и Тој направи. Мирно ќе ги поминам сите го­дини на животот свој, помнејќи ја тагата на душата своја. 16#Ос 6,2; Пс 30,2-3; 103,3-4Господи, така живеат луѓето, и во сето тоа за Тебе ќе живее мојот дух; Ти ќе ме излекуваш, ќе ми даруваш живот. 17#43,25; Мих 7,19; Пс 85,2; Евр 12,11Ете, за добро ми беше силната тага, Ти ја спаси душата моја од погибелниот ров, ги фрли зад грбот Свој сите мои гревови. 18#Пс 6,5Зошто Подземјето Тебе не Те слави, смртта Тебе не те восфалува, слезените во гроб не се надеваат на Твојата вистина. 19#5 Мојс 4,9; Пс 78,3-7; 146,2Живите, само живите ќе Те про­слават, како јас сега; таткото ќе им ја соопшти на децата Твојата верност. 20#23,16; Пс 30,12; 33,3Господ ќе ме спаси; и ние во сите дни на нашиот живот со звуците на моите жици ќе пееме песни во домот Господов.“ 21Тогаш рече Исаија: „Нека донесат суви смокви, нека ги изгмечат и нека ги стават врз чирот; и царот ќе оздрави.“ 22А Езекија рече: „Кој е знакот дека ќе отидам во домот Господов?“

Селектирано:

Исаија 38: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност