Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 35

35
Ќе се види Божјата слава
1 # 32,15; 41,18-19; 51,3; Ос 14,6; Песна 2,1 Ќе се развесели пустината и сувата земја, и ненаселената земја ќе се зарадува и ќе расцути како крин; 2#33,9; 40,5; 60,13; Песна 5,15; 7,5.6прекрасно ќе цути и ќе се радува, ќе ликува и ќе се весели; славата на Ливан ќе му се даде, великолепието – на Кармил и Сарон; тие ќе ја видат славата на Господ, величината на нашиот Бог.
Бог ќе измени сѐ
3 # 40,29-31; Зах 8,13; Јов 4,3.4; Евр 12,12 Закрепнете ослабени раце и зајакне­те колена што треперите; 4#7,2-4; 25,9; 32,4; 40,10; 5 Мојс 31,6; Зах 9,9кажете им на плашливите со дух: бидете цврсти, не плашете се: ете, вашиот Бог иде со одмазда, со отплата Божја: Тој ќе дојде и ќе ве спаси. 5#29,18; 42,7; Мт 11,5; Лк 7,22; Јн 9,32; 10,21Тогаш ќе им се отворат очите на слепите, ушите на глувите ќе се одзатнат; 6#32,3-4; 43,20; 48,21; Мт 11,5; Дела 3,8тогаш куциот ќе скока како елен, и јазикот на немиот ќе пее; зашто води ќе бликнат во пустината, и потоци – во степите. 7#34,11-15; 41,18; 44,3И горливиот песок ќе се претвори во езеро, а жедната земја – во водни извори; живеалиштето на чакалите, каде што тие се одмараат – ќе стане место за трска и рогозина.
Божјиот Свет Пат
8 # 11,16; 30,21; 43,19; 49,11; 52,1; 62,10 И таму ќе има друм, и патот по него ќе се нарече Свет Пат; нечистиот нема да оди по него; тој ќе биде само за светите; оние што одат по тој пат, дури и неискусните – нема да се загубат. 9#3 Мојс 26,6Лав нема да има таму, и лута ѕверка нема да се качува по него; тие нема да се најдат таму, само откупените ќе одат таму. 10#27,13; 30,29; 51,11; 62,12; Пс 51,9Ќе се вратат избавените од Господ, ќе дојдат на Сион со радосни извици; и вечна радост ќе биде над нивната глава; тие ќе најдат радост и веселба, а жалоста и воздишката ќе си заминат.

Селектирано:

Исаија 35: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се