Исаија 34
34
Божји суд над народите
1 #
49,1; 5 Мојс 32,1; Амос 3,9; Пс 49,1 Пристапете, народи; слушајте и внимавајте, племиња! Нека слуша земјата и сѐ што ја исполнува, вселената и сѐ што се раѓа во неа! 2#30,27-28Зашто гневот на Господ е врз сите народи, а јароста Негова врз целата нивна војска. Тој ќе ги уништи, ќе ги предаде на погибел. 3#5,25; 14,19-20; Јоил 2,20И нивните убиени ќе бидат расфрлани, и од труповите нивни ќе се крене смрдеа; по планините ќе потече нивна крв. 4#24,23; Мт 24,29; Мк 13,25; Лк 21,26; Откр; 6,12-14И ќе излезе сета небесна војска, и небото ќе се свитка како книжен свиток; сета војска нивна ќе падне, како што паѓа лист од лоза, како свенат лист од смоква.
Казна за Едом
5 #
Ез 25,14; Амос 1,11 Зашто мечот Мој се опи на небото: ете, за суд слегува тој над Едом, за да биде казнет народот што го проколнав. 6#63,1; 3 Мојс 3,4; 2 Сам 1,22; Ер 46,10Мечот Господов ќе се насити со крв, ќе се намрси од маснотија, од јагнешка и козја крв, од маснотиите на овнешките бубрези: зашто Господ има жртва во Восор, и голем колеж во земјата едомска. 7#Пс 22,12И биволи ќе паднат со нив и телиња заедно со волови, земјата ќе се опие од крвта нивна, а правот нивни ќе се намрси од маснотија. 8#61,2; 63,4; Ер 50,28Зашто настапи денот за одмазда Господова, годината на отплата за Сион. 9#1 Мојс 19,24-28; 5 Мојс 29,21-22И реките негови ќе се претворат во катран, а правот негов – во сулфур; и земјата негова ќе биде запален катран; 10#33,8; 60,15; Зах 7,14; Откр 14,10-11нема да гасне ни дење, ни ноќе; и димот нејзин вечно ќе излегува, од род во род ќе остане запустена; никогаш нема да мине никој по неа. 11#13,20-22; 2 Цар 21,13; Соф 2,14; Пс 102,6; Плач 2,8И ќе ја завладеат пеликани и ежови, буфови и гаврани ќе се населат во неа; и ќе протегнат по неа јаже за разорување и мера за уништување.
Крајот на Едом
12 #
1 Мојс 36,31-43; Авд 1,8.18 Никој нема да остане таму од нејзините старешини, за да прогласуваат цареви; сите кнезови нејзини ќе бидат уништени. 13#13,21; 25,2; 35,7Дворците нејзини ќе обраснат со трње, а тврдините нејзини – со коприва и пиреј; таа ќе им биде живеалиште на чакалите, свртилиште на ноевите. 14#13,21-22; 3 Мојс 17,7Ѕверови пустински ќе се среќаваат со диви мачки, козли ќе се повикуваат еден со друг; таму Лилит#34,14 Женски демон од вавилонската митологија. ќе се одмара и ќе наоѓа спокојство. 15#Мт 24,28Таму ќе свие гнездо буфот, ќе несе јајца, ќе веде малечки и ќе ги собира под сенката своја; таму и јастреби ќе се собираат еден со друг. 16#1,20; 29,18; Откр 20,12Барајте во книгата Господова и прочитајте; ниедно од тие нема да одмине, едно со друго нема да се замени. Зашто самата Негова уста заповеда, самиот дух Негов ќе ги собере. 17Зашто Тој Самиот им фрли ждрепка, Неговата рака ќе им ја раздели земјата со мерка; засекогаш тие ќе ја владеат, од род во род ќе живеат во неа.
Селектирано:
Исаија 34: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006