Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 30:15-22

Исаија 30:15-22 MK2006

Зашто вака вели Господ Бог, Све­тецот Израелов: „Ако останевте на мес­тото и мирувавте, ќе се спасевте; во кротката надеж е вашата сила, но вие не сакавте и велевте: ‚не, ние ќе избегаме на коњи‘, – затоа и ќе бегате; ‚ние со брзи коњи ќе избегаме‘ – затоа и оние што ве гонат, ќе бидат брзи. Од стравот на еден илјада ќе бегате, од стравот на петмина ќе бегате, така што вашиот остаток ќе биде како колец на врв од планина и како знаме на рид.“ И затоа Господ чека да ве помилува и желно гледа за да се смили над вас; зашто Господ е Бог на правдата – бла­жени се сите што се надеваат на Него! Народе што живееш во Сион, во Ерусалим; ти нема уште долго да плачеш; Бог ќе те помилува, по гласот на твојот плач, и штом ќе го чуе, ќе ти одговори. И ќе ви даде Господ леб, кога сте во мака и вода по потреба; твојот Учител нема повеќе да се крие, очите твои ќе Го гледаат твојот Учител; ако свртите надесно, ако свртите налево, ушите ваши ќе го слушаат сло­вото, кое говори зад вас – ете го патот, врвете по него! Тогаш ќе ги сметаш за одвратност излиените од твое сребро идоли и опковани од твое злато кипови; ти ќе ги фрлиш како нечистотија; ќе им речеш – иставете се оттука.