Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 30:1-18

Исаија 30:1-18 MK2006

Тешко им на непокорните синови, вели Господ, кои се советуваат, но без Мене, и склучуваат со­јузи, но не според Мојот дух, за да дода­ваат грев врз грев: а да не ја прашаат устата Моја, одат во Египет, за да се поткрепуваат со силата на фараонот и да се сокријат под сенката на Египет. Но силата фараонова ќе биде срам за вас, а засолништето под сенката на Египет – бесчестие; зашто кнезовите негови веќе се во Цоан, а гласниците негови стигнале до Ханес. Сите тие ќе бидат посрамени заради народот, кој е бескорисен за нив; од него нема да има ни помош, ни корист, туку – срам и подбив. Пророштво за животните од Негев: натоварени животни одат кон југ, по земјата на маката и бедата, од каде што излегуваат лавови и лавици, змии и змејови што летаат; тие ги носат на грбот на магарињата своите богатства и врз грбовите на камилите – своите ризници кон народ, кој нема да им донесе полза. Зашто помошта од Египет ќе биде залудна и без корист; затоа Јас ги нареков: „Неподвижната Рахав“. Сега оди, напиши им го тоа на штичка, и запиши го во книга, за да остане за во иднина, засекогаш и довека. Зашто тоа е народ непокорен, деца лажливи, деца, кои не сакаат да го слушаат законот Господов, кои им говорат на јасновидците: „Престанете да предвидувате“, и на пророците: „Не ни пророкувајте правда, говорете ни ласкаво, претскажувајте го она што ни е пријатно; слезете, тргнете се од патеката; отстранете го од очите наши Светецот Израелов.“ Затоа вака вели Светецот Изра­елов: бидејќи вие го отфрливте тоа сло­во, а се надевате на измама и неправда, и се потпирате на нив, затоа ова беззаконие ќе биде за вас како пукнатина надвисната за да падне, чие уривање ќе стане ненадејно, во еден миг. И уривањето ќе биде како кршење на глинен сад, разбиен немилосрдно, така што во кршот не ќе се најде ни парченце, со кое би се земал оган од огниште, или би се зафатила вода од вир. Зашто вака вели Господ Бог, Све­тецот Израелов: „Ако останевте на мес­тото и мирувавте, ќе се спасевте; во кротката надеж е вашата сила, но вие не сакавте и велевте: ‚не, ние ќе избегаме на коњи‘, – затоа и ќе бегате; ‚ние со брзи коњи ќе избегаме‘ – затоа и оние што ве гонат, ќе бидат брзи. Од стравот на еден илјада ќе бегате, од стравот на петмина ќе бегате, така што вашиот остаток ќе биде како колец на врв од планина и како знаме на рид.“ И затоа Господ чека да ве помилува и желно гледа за да се смили над вас; зашто Господ е Бог на правдата – бла­жени се сите што се надеваат на Него!

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност