Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 28:1-13

Исаија 28:1-13 MK2006

Тешко на Самарија, градот со кој се гордеат пијаниците Ефре­мови! Тешко му на свенатото цвеќе – негов гиздав украс – цвеќе среде наѓу­б­рената долина на замаените од вино! Ете, јакиот и силниот во Господ како пороен дожд со град, како погубна луња, како разлеана поплава од бурни води, со рака ќе ги обори сите на земја. Со нозе ќе биде изгазен градот Са­марија, со кој се гордеат Ефре­мовци. И со свенатото цвеќе – неговиот гиздав украс – цвеќе среде наѓубрената до­лина, ќе се случи истото, како што ста­нува со смоквата, рано узреана: штом некој ќе ја види, веднаш ја кине со рака и ја изедува. Во тој ден Господ Саваот ќе биде убав венец и славна круна за остатокот од Својот народ. Дух на правосудие за оној што седи во судот и снага за оние, кои го отфрлуваат непријателот од портите. Но и тие се нишаат од виното и го збркуваат патот свој од жесток пијалак: свештеник и пророк се препнуваат од силни пијалаци; победени се од вино, избезумени од жесток пија­лак, во гледањето се збркуваат, во судењето се сопнуваат. Зашто сите трпези се полни со одвратни блујавици, нема чисто место. А велат: „Кого сака тој да учи на знаење, и кого да вразумува со пропо­вед? Дали деца, кои се одвик­нати од градно млеко, одделени од мајчините гради? Зашто сѐ е заповед врз заповед, за­повед врз заповед, правило врз правило, правило врз правило, тука малку и таму малку.“ Зашто со неразбирлив говор и на туѓ јазик ќе му се зборува на тој народ. Им говореа: „Еве одмор, дајте му одмор на изморениот, и ете му одмор.“ Но тие не сакаа да слушаат. И стана во нив според словото Гос­подово: заповед врз заповед, за­повед врз заповед, правило врз правило, правило врз правило, тука малку, таму малку, – така што тие одејќи да паднат на грб и да се разбијат, да паднат во стапица и да бидат уловени.