Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 27

27
1 # 34,5; Пс 74,14; Јов 3,8; 7,12; 40,25 Во тој ден Господ ќе го порази со Својот тежок, со Својот го­лем и јак меч левијатанот – змејот што лета, левијатанот – лукавата зми­ја и ќе го убие морското чудовиште.
Заштита и простување
2 # 5,1-7; 26,1 Во тој ден запејте за Него – за сака­ното лозје! 3#Ез 17,7Јас, Господ, сум негов чувар, во секој миг го напојувам; ноќе и дење го вардам, за да не влезе некој во него. 4#5,5-6; 10,17Гнев нема во Мене. Но ако Ми покаже трње и боцки, ќе кренам против него војна, ќе го изгорам сосема, 5#9,5-6; 26,12; 57,19освен, ако пребегне кон заштитата Моја и склучи мир со Мене. Тогаш нека склучи мир со Мене. 6#11,1; Ос 14,6; Пс 80,9Во идните дни Јаков ќе се вкорени; Израел ќе пушти гранки и ќе расцути; и вселената ќе се исполни со плодови. 7#10,24-26; 30,31-33; Ер 30,11Така ли го поразуваше Тој, како што ги поразуваше оние, кои него го поразуваа? Така ли ги убиваше, како што се убивани оние, кои него го убиваа? 8#40,6-8; Ез 17,10; Пс 48,7Со мерка го казнуваше Ти, кога го отфрлаше; го разнесуваше со силниот Свој здив, како во ден на источен ветар. 9#17,8; 2 Мојс 34,13; 3 Мојс 26,30; 5 Мојс 7,5; Пс 85,2; Рим 11,27И преку тоа ќе се избрише беззаконието на Јаков; а плод од тоа ќе биде: ќе се симне гревот од него, кога сите камења од жртвениците ќе ги претвори во грутка вар, нема повеќе да стрчат идолите на Ашера и идолите на сонцето.
Господ ќе го обедини Својот народ
10 # 5,17; 6,11 Зашто утврдениот град запусте, живеалиштата се напуштени и зафрлени како пустина. Таму пасат телиња, таму лежат и ќе ги подјадуваат гран­чињата негови. 11#10,17; 43,1.7; 5 Мојс 32,6.28Кога гранките ќе му се исушат, ќе ги искршат; ќе дојдат жени и ќе ги изгорат. Бидејќи тој народ е неразумен, Творецот негов нема да го сожали, Создателот нема да го помилува. 12#24,13; 2 Цар 24,7; Мт 24,31Но во тој ден Господ ќе растресе сѐ од големата река до потокот египетски, а вие, синовите Израелови, ќе бидете собрани еден по еден; 13#24,23; Ос 11,11; Јоил 2,1; Мих 7,12; Зах 10,10во тој ден ќе затруби голема труба, и ќе дојдат оние што се загубиле во асирската земја и прогонетите во еги­петската земја и ќе Му се поклонат на Господ на светата гора во Ерусалим.

Селектирано:

Исаија 27: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се