Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 26:1-11

Исаија 26:1-11 MK2006

Во тој ден ќе биде испеана во земјата Јудина оваа песна: „Гра­дот ни е јак, место ѕидини и опкопи Бог ни даде спасение. Отворете ги портите; нека влезе праведниот народ, кој ја пази вистината. Цврстиот по дух Ти го пазиш во совршен мир, зашто на Тебе се надева. Надевајте се на Господ засекогаш, зашто Господ Бог е вечната тврдина; Тој ги собори оние, што живееја на високо; градот, што стоеше високо го собори, го кутна на земја, го фрли во прав. Нога го гази, нозете на сиромавиот, стапките на бедните.“ Патот на праведниот е прав; Ти ја израмнуваш неговата патека. На патот на Твоите судови, Гос­поди, ние на Тебе се надеваме; душата наша се стреми кон Твоето име и кон спо­менот за Тебе. Со душата своја се стремиме кон Тебе ноќе, и со духот свој ќе Те бараме искрено од рани зори; зашто, кога Твоите пресуди се извршуваат на земјата, тогаш жителите на светот се учат на правда. Ако нечесен биде помилуван, тој нема да се научи на правда, ќе злодеј­ствува во земјата на праведните и нема да погледне на величието Господово. Господи! Раката Твоја беше високо крената, но тие не ја видоа; ќе видат и ќе се посрамат оние, што го мразат Твојот народ; оган ќе ги голтне Твоите непријатели.