Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 26:1-11

Исаија 26:1-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Во тој ден ќе биде испеана во земјата Јудина оваа песна: „Гра­дот ни е јак, место ѕидини и опкопи Бог ни даде спасение. Отворете ги портите; нека влезе праведниот народ, кој ја пази вистината. Цврстиот по дух Ти го пазиш во совршен мир, зашто на Тебе се надева. Надевајте се на Господ засекогаш, зашто Господ Бог е вечната тврдина; Тој ги собори оние, што живееја на високо; градот, што стоеше високо го собори, го кутна на земја, го фрли во прав. Нога го гази, нозете на сиромавиот, стапките на бедните.“ Патот на праведниот е прав; Ти ја израмнуваш неговата патека. На патот на Твоите судови, Гос­поди, ние на Тебе се надеваме; душата наша се стреми кон Твоето име и кон спо­менот за Тебе. Со душата своја се стремиме кон Тебе ноќе, и со духот свој ќе Те бараме искрено од рани зори; зашто, кога Твоите пресуди се извршуваат на земјата, тогаш жителите на светот се учат на правда. Ако нечесен биде помилуван, тој нема да се научи на правда, ќе злодеј­ствува во земјата на праведните и нема да погледне на величието Господово. Господи! Раката Твоја беше високо крената, но тие не ја видоа; ќе видат и ќе се посрамат оние, што го мразат Твојот народ; оган ќе ги голтне Твоите непријатели.

Исаија 26:1-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Во оној ден, ќе ја пеам оваа песна во Јудината Земја: „Ние имаме цврст град: за одбрана Тој ни крева ѕидови и предѕидишта. Отворете ги вратите! Нека влезе праведниот народ, кој ја пази верноста, чие значење е цврсто, кој го чува мирот зашто се надева во Тебе. Надевајте се во Господа довека, зашто Господ е Вечна Стена; Тој ги соборува оние кои живееја високо, разурнува висока крепост, ја разурнува во прав, ја срамнува со земјата, па ја газат нозе, нозете на бедните и чекорите на сиромашните.“ Патот на праведникот е прав, Ти ја рамниш патеката на праведниот. Да, на патеката на Твоите судови, Господи, Те чекаме желно; душата ни копнее по Твоето Име и по Твојот спомен. Со својата душа копнеам по Тебе ноќе, и со својот дух Те барам во себе, во зори. Зашто кога Твоите судови се појавуваат на земјата, жителите на земниот круг се учат на правда. Ако биде помилуван безбожникот тој не се учи на праведност. Во земјата на правдата тој прави беззаконие и не се обѕира на Господовото величие. Господи, Твојата рака е подигната а тие не ја гледаат. Нека ја видат и нека се засрамат, нека ги проголта ревноста на народот, нека ги проголта огнот подготвен за Твоите непријатели.