Исаија 25
25
Благодарствена молитва
1 #
12,1-4; 37,26; 2 Мојс 15,2; Јоил 2,26; Пс 31,14; 118,28 Господи, Ти си Бог мој; ќе Те возвеличам, ќе го славам името Твое, зашто си извршил премудри дела, определени во старо време, вистинити и сигурни. 2#13,20; 17,1; Ер 9,10; 51,37Ти го претвори градот во грамада од камења, цврстата тврдина – во урнатини; нема повеќе во градот дворци на туѓинци; никогаш нема да биде обновен. 3#24,15-16Затоа ќе Те прославуваат силните народи; градовите на страшните племиња ќе се плашат од Тебе; 4#4,6; 29,1; 32,2зашто Ти беше прибежиште на сиромавиот, прибежиште на немоќниот во тешко време за него, заштита од бура, сенка од припек; зашто гневното дишење на насилниците прилегаше на зимска виулица. 5#24,8Ти го скроти викањето на непријателите, како припек – во безводно место; како припек со сенка од облак; веселбата на угнетувачите е задушена.
Господ нѐ избави
6 #
2,2; Изреки 9,2-5; Мт 8,11; Јн 6,51.54; Откр 19,9 И Господ Саваот ќе стави врз таа планина за сите народи трпеза со добри јадења, трпеза со чисти вина, со богати и сочни јадења и најчисти вина; 7врз таа планина ќе ја уништи покривката, што ги покрива сите народи, покривка, која лежи врз сите племиња. 8#26,19; Ос 13,14; 1 Кор 15,26.54; Откр 7,17; 21,4Смртта ќе биде проголтана засекогаш, ќе ги избрише Господ Бог солзите од сите лица, и ќе го симне срамот од Својот народ во целата земја, зашто така вели Господ. 9#33,2; 35,4; 1 Сам 2,1; Пс 27,14; 95,7; 1 Птр 1,8И ќе речат во тој ден: „Еве, Тој е нашиот Бог! На Него се надевавме, и Тој нѐ спаси! Тој е Господ; Него Го чекавме; да се радуваме и веселиме за спасението од Него! 10#Амос 1,3; Мих 7,10Зашто раката на Господ ќе почива врз таа планина, и Моав ќе биде прегазен на местото свое, како што се гази слама на буниште.“ 11#16,6.14; Ер 48,29; Соф 2,8.10И макар што ги размавна среде него рацете свои, како што ги размавнува оној што плива, но Бог ќе ја понизи гордоста негова заедно со мафтањето на рацете негови. 12#26,5И ќе ја собори, ќе ја разруши тврдината со твоите високи ѕидишта, ќе ја кутне на земја, во прав.
Селектирано:
Исаија 25: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006