Исаија 22
22
Ерусалим опколен
1 #
15,3
Пророштво за долината на видението. – Што ви е, та сите сте се искачиле на покрив? 2#23,7; 32,13; Соф 2,15Шуми граде, кој се брануваш, граде, што ликуваш! Твоите убиени не се убиени од меч, ниту умреле во борба; 3сите твои водачи бегаа заедно, но беа заробени без да затегнат лак; сите што се најдени кај тебе заробени се заедно, колку и да бегаа далеку. 4#16,9; Ер 6,26; 8,21.23; 9,17; 13,17; 31,15; Плач 1,16Затоа велам: оставете ме, горко ќе плачам; не трудете се да ме утешувате, поради погибелта на мојот народ. 5#37,3; 2 Цар 19,3Зашто е ден на вознемиреност, угнетување и збрка во долината на видението од Господ Бог Саваот. Се соборуваат ѕидови, викањето стигнува до планината. 6#2 Цар 16,9И Елам зеде оружје: луѓе со коли, и јавачи, и Кир штитот свој го спрема. 7И ете, најдобрите твои долини се полни со бојни коли, јавачите се наредија спроти портите, 8#1 Цар 7,2-5; 10,17па ја уриваат заштитата на Јудеја; и ти во тој ден погледна кон избраните домови во градот. 9#2 Сам 5,9; 2 Цар 20,20Видовте дека има многу пукнатини во ѕидиштата на Давидовиот град, па собравте вода во долниот рибник; 10#Ер 33,4ги преброивте и ги рушевте куќите ерусалимски, за да се зацврстат ѕидините градски; 11#5,12; 2 Цар 25,4; Ер 39,4направивте меѓу двата ѕида собиралиште за вода од старото езеро. А на Оној, Кој го направи тоа, не погледнавте, и не Го гледавте Оној, Кој одамна го одреди тоа.
Време за плачење
12 #
Ер 6,26; Амос 8,10 Господ Бог Саваот ве викаше на тој ден да плачете и да тагувате, да се истрижете и да се облечете во вреќиште. 13#5,11; 56,12; Проп 2,24; 3,12; 11,8; 1 Кор 15,32Но, ете, веселба и радост! Убиваат волови и колат овни; јадат месо, пијат вино и велат: „Да јадеме и да пиеме, зашто утре ќе умреме!“ 14#1 Сам 3,14; Пс 85,2И ми откри во ушите Господ Саваот: „Нема да ви биде простен тој грев додека не умрете,“ рече Господ Бог Саваот.
Казна за себичните владетели
15 #
36,3.11.22; 2 Цар 18,18.26.37; 19,2 Вака рече Господ Бог Саваот: „Тргни, оди кај оној дворјанин, при Севна, началникот на дворецот, и кажи му: 16какво право имаш и кого имаш тука, па си правиш тука гробница? Тој си прави за себе гробница на височината, си прави живеалиште во карпата. 17Ете, Господ ќе те фрли далеку, како што фрла силен човек и ќе те свитка како клопче, 18#Ер 17,25; 28,16; Амос 7,17откако ќе те свитка како топка и ќе те фрли во широка земја; таму ќе умреш ти, таму твоите прекрасни коли ќе бидат за подбивање во домот на твојот господар.“ 19„Ќе те турнат од твоето место и ќе те симнат од твоето достоинство. 20#36,3.11.22; 2 Цар 18,18.26.37И во тој ден ќе го повикам мојот слуга Елијаким, Хелкиевиот син, 21#4 Мојс 20,26ќе го облечам со твојата облека и со твојот појас ќе го препашам, та и власта твоја ќе ја предадам во рацете негови; и тој ќе биде татко на жителите ерусалимски и за домот Јудин. 22#Јов 12,14; Мт 16,19; Откр 3,7И клучот на Давидовиот дом ќе го ставам на рамењата негови; тој ќе отвори, и никој нема да затвори; тој ќе затвори и никој нема да отвори. 23#Езд 9,8И ќе го зацврстувам како клин на цврсто место, тој ќе биде како славно седиште за домот на својот татко. 24#Ез 15,3И на него ќе виси целата слава на татковиот му дом, на децата и внуците, на целата покуќнина од чаша до ќупови.“ 25Во тој ден, вели Господ Саваот, ќе се заниша зацврстениот на цврсто место клин, ќе биде изваден и ќе падне, ќе се испокрши сѐ што виси на него, зашто Господ го вели тоа.
Селектирано:
Исаија 22: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006