Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 21

21
Пророкување за пропаста на Вавилон, Едом и Арабија
1 # 30,6; 5 Мојс 1,19; Ер 2,6; 4,11; Ос 13,15; Јов 1,19 Пророштво за крајморската пустина. – Како што бурите навалуваат од Негев, така доаѓа тоа од пустината, од страшната земја. 2#Ер 25,25; Откр 17,3Страшна глетка ми беше покажана: грабач граби, пустошник опустошува; оди Еламе, опсадувај Мидијо: на сите воздишки ќе им ставам крај. 3#13,8; 16,11; Ер 30,6; Мих 4,9; Пс 38,7Од тоа бедрата ми треперат; маки ме обзедоа, како маки на родилка. За­глушен сум од тоа што слушам; вознемирен сум од ова што го гледам. 4Срцето ми трепери: морници ме об­земаат; радосната моја ноќ стана ужас за мене. 5#Авак 2,1; Дан; 5,1-4.30Готват трпеза, постилаат покривки, јадат, пијат. „Станувајте, кнезови, на­мачкајте ги штитовите!“ 6#2 Цар 9,17; Авак 2,1Зашто вака ми рече Господ: „Оди, постави стражар; нека го јавува тој она што го гледа.“ 7#28,23И виде тој дека доаѓаат по двајца ја­вачи на коњи, јавачи на магариња, јавачи на камили; и претпазливо тој слушаше со големо внимание, – 8и почна да вика тој како лав: господаре мој, стоев на стража цел ден и на местото свое останував по цели ноќи: 9#Ер 50,2; 51,8; Откр 14,8; 18,2и ете, доаѓаат луѓе, јавачи на коњи по двајца. Потоа извика и рече: падна, падна Вавилон, и сите идоли на бого­вите негови лежат скршени на земјата. 10#41,15; Ер 51,33; Мих 4,13О, овршено жито на гумното мое! Она што го чув од Господ Саваот, Израеловиот Бог, тоа и ви го соопштив.
До кога?
11Пророштво за Едом. – Ми викаат од Сеир: „Стражару, кое време е во ноќта? Пазачу, кое време е ноќва?“ 12#Ез 33,2.6; Пс 130,6; Рим 13,12Чуварот рече: „Наближува утрото, но и ноќта. Ако упорно прашувате – прашувајте; вратете се и дојдете. 13#1 Мојс 10,7; 25,3; Ер 49,8; Ез 25,13Пророштво за Арабија. – Во гората арабиска ноќевајте, каравани дедански. 14Жители на темајската земја, но­сете вода да ги пречекате жедните; со леб пречекајте ги бегалците; 15зашто тие бегаат од мечот, од гол меч, од затегнат лак и од жестокоста на војната.“ 16#16,14; Ез 27,21Зашто вака ми рече Господ: „Уште една година, еднаква на наемничката година, – и сета слава на Ке­дар ќе ис­чезне, 17#Ер 49,28кај храбрите синови на Кедар ќе ос­танат мал број стрелци,“ така вели Господ, Бог Израелов.

Селектирано:

Исаија 21: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се