Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 13

13
Вавилон ќе биде казнет
1Пророштво за Вавилон, што го изрече Исаија, синот на Амоц. 2#5,26; Ер 51,25„Кренете знаме на гола планина, издигнете глас, мавнете им со рака да навлезат низ кнезовските порти. 3#Јоил 4,9Јас им дадов повелба на Моите избраници и ги повикав да го исполнат гневот Мој Моите јунаци, кои се радуваат на величието Мое. 4#Ер 49,14; Јоил 4,9; Пс 2,1Голем шум има по планините, како божем од многуброен народ, бунтовен шум на царства и народи, собрани заедно, Господ Саваот ја прегледува готовата војска за војна. 5#Ер 50,25Идат од далечна страна, од крајот на небото, Господ и орудијата на Неговиот гнев, за да ја сотрат целата земја. 6#Ез 30,2-3; Јоил; 1,13-15; Амос 5,18Липајте, зашто денот Господов е близу, – иде како разурнувачка сила од Семоќниот. 7#Ер 6,24; Ез 7,17Затоа рацете на сите ќе папсаат, срцето на секој човек ќе се стопи. 8#21,3; 26,17; 29,9; Ер 4,31; Авак 1,5; Јов 26,11Тие ќе се исплашат, грчеви и болки ќе ги опфатат; ќе се мачат како родилка, зашеметени ќе гледаат едни во други, лицата ќе им пламнат.
Ќе нема милост
9 # 34,8; Ер 4,7; Јоил 3,4; Наум 1,6; Соф 1,15 Ете, денот Господов доаѓа лут, со гнев и пламната јарост, за да ја прет­вори земјата во пустина и да ги истреби од неа грешниците нејзини. 10#Ер 4,23; Ез 32,7; Амос 8,9; Јов 9,9; Мт 24,29Ѕвездите небески и светилата нема да даваат од себеси светлина; сонцето ќе се замрачува при изгревањето свое; и месечината нема да свети со светлината своја. 11#2,11; 25,4-5; 29,5; Пс 54,4Јас ќе го казнам светот за злото, и нечесните – за нивните беззаконија; ќе го премавнам високоумството на гор­дите и ќе ја понизам надуеноста на уг­нетувачите; 12#1 Цар 9,28; Пс 45,9; Јов 22,24ќе направам така, што луѓето да бидат поретки од чисто злато, а мажите – поретки од офирско злато. 13#Агеј 2,6; Јов 9,6; 26,11Затоа ќе го затресам небото, земјата ќе се помести од местото свое поради јароста на Господ Саваот, во денот на пламнатиот гнев Негов. 14#Ер 50,16; 51,9; Ез 34,5; Мк 6,34Тогаш секој како подгонета срна и како напуштена овца ќе се врати кон народот свој, секој ќе избега во земјата своја. 15#Ер 51,20-23; Ос 14,1; Зах 12,10Кого ќе го стасаат, ќе биде прободен; и кого ќе го фатат, ќе загине од меч. 16#2 Цар 8,12; Ос 10,14; Зах 14,2; Пс 137,9Новороденчињата нивни ќе бидат смачкани пред очите нивни; куќите нивни ќе бидат разграбени, и жените нивни обесчестени. 17#45,13; Ер 51,11Ете, Јас ќе ги кренам против нив Мидијците, кои не го ценат среброто и не лакомат за злато. 18#Ер 51,3; Мих 6,7Нивни лакови ќе ги поразат младите и нема да сожалат ни плод во утроба; очите нивни нема да се смилуваат над децата.
Господ ќе го уништи Вавилон
19 # Ер 49,18; 51,41; Соф 2,9 И Вавилон, украсот на царствата, гордоста на Халдејците, ќе биде со­борен од Бога, како Содом и Гомора, 20#34,10-17нема да се насели никогаш, во него нема да има жители од род во род; нема Арапин да го распне шаторот свој, ов­чари таму со стадата свои нема да пладнуваат. 21#3 Мојс 17,7; Ер 50,39; Откр 18,2Но во него ќе живеат ѕверови; бувови ќе се населат во нивните домови, и јарци ќе потскокнуваат и ќе играат. 22#34,13; Ер 50,39; Ез 22,4; Пс 102,13Чакали ќе вијат во дворците нивни и хиени во домовите за веселба. А ќе дојде неговото време, близу е, деновите негови нема да задоцнат.“

Селектирано:

Исаија 13: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се