Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија 10

10
Осија го предупредува Израел
1 # 8,11; 12,12; 4 Мојс 23,24; 5 Мојс 32,15; Ис 5,1 Израел е рагранета лоза; колку повеќе таа има плод, толку повеќе се умножуваат жртвениците; колку му е поплодна земјата, толку по­веќе се украсуваат идолите. 2Измамничко е срцето нивно, и затоа ќе бидат казнети: Тој ќе ги разруши нивните жртвеници, ќе ги здроби идо­лите нивни. 3Сега тие велат: „Немаме цар, зашто немавме страхопочит кон Господ, а и зошто ни е цар?“ 4#Амос 5,7; 6,12Зборуваат, даваат лажни завети, склучуваат сојузи; правдата се претворила во неправда и расте по браздите на нивните ниви. 5#4,15; 8,5; 2 Цар 23,5; Соф 1,4; Откр 18,14За телето во Бет-Авен ќе плачат жителите на Самарија; ќе заплаче за него народот негов, и жреците негови, кои се радуваа со него, ќе плачат по славата негова, зашто неа ќе ја снема од него. 6#5,13; 9,3; 11,5И тој самиот ќе биде врзан и одведен во Асирија како дар на големиот цар; посрамен ќе биде Ефрем, и ќе се засрами Израел поради својата одлука. 7Уништена е Самарија, нејзиниот цар ќе биде исфрлен како лушпа на површината на водата. 8#4,13; 1 Мојс 3,18; 2 Цар 23,15; Ис 2,10; 5,6; 7,23-25; 32,13; Лк 23,30; Откр 6,16И ќе бидат истребени идолските светилишта на Авен, гревот Израелов; во трње и боцки ќе обраснат жртве­ниците негови, па ќе им речат на планините – покријте нѐ, а на ридовите, паднете врз нас!
Господ му се заканува на Израел
9 # 9,9 Повеќе згреши, Израеле, отколку во деновите на Гива; а и таму да запреше, немаше ли да те стаса војна, како и беззакониците гивејски? 10#Ер 2,13Ќе ги казнам како што ќе посакам; ќе се соберат против нив народите, и тие ќе бидат казнети поради двојниот нивни престап. 11#4,16; Ер 2,20; 5,5; Мт; 11,29-30Ефрем е обучена јуница, свикната да врши, и Јас Самиот на нејзиниот убав врат ќе ѝ ставам амут; па Ефрем ќе влече, Јуда ќе ора, а Јаков ќе ја дроби земјата. 12#2,21; Ер 4,3; Мих 6,8; Зах 8,22; Пс 14,2; Дела 17,27Сејте правда – па ќе жнеете милост; разорувајте нова земја, време е да Го побарате Господа, и така Тој, штом ќе дојде, да ве облее со благослов. 13#8,7; Ис 31,1; Мих 1,13; Јов 4,8Оравте безбожност, жнеевте беззаконие, јадевте плод на лагата, зашто ти се надеваше на своите коли, на многуте војници. 14#14,1; Наум 3,10И ќе дојде војна на твојот народ, и сите твои тврдини ќе бидат разрушени, како што Шалман го разруши Бет-Ар­бел во денот на битката: мајка биваше убивана заедно со децата. 15#4,15Ете, така ќе ви направам, доме Израелов, поради неправдата ваша; во рани зори ќе загине царот Израелов.

Селектирано:

Осија 10: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност