Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 9:11-15

Евреите 9:11-15 MK2006

Но Христос, кога стана Прво­свеш­теник на идните добра, со поголемо и со посовршено светилиште, нера­ко­тво­ре­но, односно не онакво какво што се пра­ви на земјата, ниту со крв козја и телешка, туку со Својата крв влезе во светилиштето ед­наш засекогаш и изврши вечен откуп. Зашто, ако крвта на јунче и јарец, и пепелта од јуница преку попрскување ги осветуваат осквернетите за очистување на телото, тогаш, колку ли повеќе крвта на Христос, Кој преку Светиот Дух се принесе Себе на Бога непорочен, ќе ја очисти совеста наша од мртви дела за да Му служиме на живиот Бог. Затоа е Тој посредник на новиот за­вет, та по Неговата смрт, што стана за откуп на престапите од времето на пр­виот завет, призваните да го добијат ветеното вечно наследство.