А сега Тој доби толку подобра служба, и стана посредник на подобар завет, кој е утврден врз подобри ветувања. Зашто, ако првиот завет беше без недостаток, тогаш немаше да се бара втор. Но, укорувајќи ги, вели: „Ете идат денови, вели Господ, и со домот Израелов и со домот Јудин ќе склучам нов завет, но не таков завет каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за рака за да ги изведам од земјата египетска, – зашто тие не останаа во Мојот завет и Јас ги оставив, вели Господ. Но овој е заветот што ќе му го дадам на домот Израелов во оние дни, вели Господ: ќе ги врежам законите Свои во мислите нивни, и во срцата нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ. И ниеден нема да го учи својот ближен, и ниеден братот свој: ‚Познај Го Господа‘, зашто сите, од мал до голем меѓу нив, ќе Ме знаат, бидејќи ќе бидам милостив кон нивните неправди, а за гревовите и беззаконијата нивни нема веќе да си спомнувам.“ А кога вели „нов завет“, првиот го направи застарен; а она што е старо и застарено, близу е до исчезнување.
Прочитај Евреите 8
Слушај Евреите 8
Сподели
Спореди ги сите верзии: Евреите 8:6-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа