Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 3:1-14

Евреите 3:1-14 MK2006

Затоа, браќа свети, учесници во небесното призвание, размислете за Пратеникот и Првосвештеникот на нашата вера, Исус Христос. Кој Му беше верен на Оној Кој Го поставил, како и Мојсеј – во целиот не­гов дом. Зашто Тој се удостои со слава, толку поголема од Мојсеевата, колку што е поголема почитта што ја има оној што го изградил домот од почитта што ја има домот! Зашто секој дом се гради од некого; а Оној, Кој изградил сѐ, е Бог. И Мојсеј Му беше верен како слуга на целиот Негов дом, за да го посведочи она што требаше да се соопшти. Христос, како Син, е верен во Бож­јиот дом. Негов дом, пак, сме ние, само ако слободата и надежта, со кои се фа­лиме, ги запазиме до крај. Поради тоа, како што вели Светиот Дух: „Денес, ако го чуете гласот Негов, не жесточете ги срцата свои, како во огорченоста на денот на искушувањето во пустината, каде што татковците ваши Ме ис­ку­шаа, Ме испитуваа, иако ги гледаа дела­та Мои преку четириесет години. Затоа се разгневив на тој род и ре­­ков, секогаш се заблудуваа во срцата свои и не ги познаа патиштата Мои. Па така се заколнав во Својот гнев дека нема да влезат во Мојот спокој.“ Браќа, гледајте, да не би во некого од вас, да има зло и неверно срце, та да отстапи од живиот Бог. Туку храбрете се секој ден еден по друг додека сѐ уште се вели: „Денес“, та никој од вас да не отрпне преку измамата на гревот; зашто ние станавме соработници на Христос. Само ако ја задржиме цврсто до крај првобитната цврста подлога