Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 12:18-24

Евреите 12:18-24 MK2006

Вие не пристапивте кон планината што може да се опипа и кон разгорени­от оган, кон облакот, и темнината, и лу­њата, и кон трубниот звук, и кон гласот што зборуваше, чии слушачи молеа да не им се зборува веќе, зашто не можеа да го истрпат она што им се заповедаше: „И ѕвер ако се допре до гората, со камења нека биде убиен.“ И толку страшна беше глетката, што и Мојсеј рече: „Треперам од страв!“ Но вие пристапивте кон Сион и гра­дот на живиот Бог, небесниот Еру­са­лим, и кон безбројните ангели, на све­че­ниот собор, кон собранието на првородените, кои се запишани на небесата, и кон Бо­га, Судијата на сите, и кон духовите на праведниците, што достигнаа совр­шен­ство, и кон Исус, Посредникот на Новиот завет, и кон крвта за попрскување, која подобро зборува од Авеловата.