Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 11:1-7

Евреите 11:1-7 MK2006

А верата е подлога за увереноста во она на кое се надеваме – убеденост во она што не се гледа. Преку неа постарите добија све­дош­тво. Преку верата разбираме дека ве­ко­вите се создадени со Божји збор и дека од невидливото произлегло видливото. Со вера Авел Му принесе на Бога по­добра жртва, од Каиновата; преку неа тој доби сведоштво дека е праведен, бидејќи Бог посведочи за неговите да­ро­ви; преку неа, иако мртов, тој уште збо­рува. Преку вера Енох беше преселен за да не види смрт; и не се најде, бидејќи Бог го пресели. Зашто пред преселува­њето тој доби сведоштво дека Му уго­дил на Бога. А без вера не е можно да Му се уго­ди на Бога; бидејќи оние кои доаѓаат кај Бога, треба да веруваат дека Тој постои и дека ги наградува оние што Го бараат. Преку вера Ное, откако беше пре­дупреден за она што уште не се гле­да­ше, со послушност го направи ковчегот за да го спаси својот дом. Со тоа тој го осуди светот и стана наследник на пра­ведноста по вера.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Евреите 11:1-7

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност