Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Авакум 3

3
Пророковата молитва полна со радосна надеж
1Молитвата на пророкот Авакум – за пеење. 2#5 Мојс 2,25; Ис 51,9; 54,8; Пс 8,1.9; 76,2Господи, чув за славата Твоја и се восхитувам на делото Твое. Повтори го во нашето време! Разгласи го во нашите дни! Во гневот Свој сети се на милост. 3#4 Мојс 14,21; 5 Мојс 33,2; Суд 5,4; Пс 72,19Бог дојде од Теман и Светецот од гората Фаран. Величието Негово ги пок­ри небесата, и славата Негова ја ис­полни земјата. 4#Ис 62,1Болскотот Му е како сончева свет­лина, а од рацете Негови зрачи, и тука е скривалиштето на Неговата сила. 5#Откр 6,8Пред лицето Негово врви чума, а по стапките Негови – грозница! 6#2 Мојс 15,14-16; Ис 42,15; Наум 1,5; Пс 104,32Тој стана и земјата се затресе; погледа – и во трепет ги доведе народите; одамнешни планини се распаднаа, првобитните ридови се урнаа; но патиштата Негови се вечни. 7Натажени ги видов шаторите етиопски; се стресоа колибите на земјата мидјанска. 8#5 Мојс 33,26; Пс 68,33Зар против реките, Господи, пламнал гневот Твој? Зар против реките е Твоето негодување, или, пак, против морето е јароста Твоја – па си седнал на коњите Свои, на победничките бојни коли? 9#Ез 5,16; Плач 2,4Ти го извади лакот Свој и со отровни стрели го затегна. Со реки ја сечеш земјата. 10Кога Те видоа, планините затрепе­рија, водите навалија; бездната го пушти гласот свој и сонцето ги крена рацете свои. 11#Ис.Н. 10,13Месечината застана на своето место пред болскотот на вперените стрели Твои, пред светкањето на сјајните копја Твои. 12Во гнев одиш по земјата и во јарост ги газиш народите. 13#2,9-11; Пс 28,8Ти излегуваш за спасение на народот Твој, за спасение на помазаникот Свој. Ти ја поразуваш главата на нечес­тивиот дом, оголувајќи го од темелите до врвот. 14#Пс 10,7-9; 17,12Со копјата нивни Ти го прободе водачот нивни, кога како виор се спуш­тија да ме разбијат, радосни, зашто мислеа дека скришум ќе го проголтаат сиромавиот. 15#Ис 43,16-17; Пс 77,19Газиш по морето со коњите Свои, преку длабините на големите води.
Односот на Авакум кон Божјата порака
16 # Ер 4,19; Јов 7,5; Дан 8,18.27 Јас чув и внатрешноста моја затре­пери, при гласот Твој затреперија и ус­ните мои, болка почувствував во кос­ките мои, и местото под мене трепери; ќе се успокојам кога ќе дојде несреќ­ниот ден врз народот што нѐ угнетува.
Вера и во зло време
17 # Ер 5,17; Ос 9,2 Макар и да не процути смоквата, а и да нема плод по лозите, макар маслината и да откаже, и нивата да не даде плод, макар и овците да не останат во трлото, па и рогат добиток во оборите да нема, 18#Ис 61,10; Пс 35,9; Лк 1,47јас и тогаш ќе се радувам во Господ и ќе се веселам во Бога на моето спасение. 19#5 Мојс 32,13; Ис 58,14; Пс 18,34Господ Бог е мојата сила: Тој ќе ги направи нозете мои како на елен и ќе ме поведе по височините мои. На хороводителот: со жичени инструменти.

Селектирано:

Авакум 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се