Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Авакум 1

1
Пророковата молитва и тагување
1 # Наум 1,1 Пророчко видение што го имаше пророкот Авакум. 2#Ис 38,14; Ер 14,9; 20,8; Пс 18,41; Јов 19,7До кога, Господи, ќе повикувам, а Ти не ме слушаш; викам кон Тебе поради насилството, а Ти не ме избавуваш? 3#Ер 6,7; 9,2; Амос; 3,9-10; Пс 55,9-11Зошто ми дозволуваш да гледам злосторства, и да гледам неволји? Гра­бежот и насилството се пред мене; се појавува непријателство, настанува раздор. 4#Ис 59,14; Мих 7,2-3Поради тоа законот ја изгуби силата, а правдата е згазена: нечестивиот го победува праведниот, и затоа правдата се искривува.
Божјиот одговор
5 # Ис 5,12; 29,9.14; Дела 13,41 Погледајте меѓу народите, видете – зачудете се! Зашто во ваше време Јас извршувам такво дело, за кое вие не би поверувале, ако би ви раскажувале. 6#Ер 5,15; Амос 3,11; Откр 20,8Зашто Јас ќе ги кренам Халдејците, народ жесток и необуздан, кој оди по ширините земни за да завладее населби, кои нему не му припаѓаат. 7#Ис 10,13Тој е страшен и ужасен; тој самиот е и суд и власт. 8#5 Мојс 28,49; Соф 3,3Коњите негови се побрзи и од леопарди и пострашни од волци во рани зори; коњицата негова потскокнува; јавачи му доаѓаат од далечина, налетуваат како орли, што се спуштаат врз пленот. 9Сите тие доаѓаат по грабеж; со лица вжештени, грабаат робови како песок! 10И со цареви се подигруваат, а кнезовите им служат за подбив; над секоја тврдина се смеат: засипуваат опсаден окоп и ја преземаат. 11#1,7; Ис 10,13; Ер 17,5Тогаш како ветер се свртуваат и си одат – престапници и виновници; нивната сила им е бог.
Повторна поплака од Авакум
12 # 5 Мојс 33,27; Мих 5,1; Пс 90,1-2 Но, зар не си Ти од векот Господ Бог мој, Светецот мој? Ти, Кој не уми­раш! Ти, Господи, само за суд си го до­пуштил тоа. Карпо моја, за казна си го определил ова. 13#1,3; Ер 12,1; Пс 5,4-5; 35,22; Јов 21,7На чистите очи Твои не е својстве­но да гледаат злосторства и Ти не мо­жеш да гледаш угнетување. Зошто гледаш злодејци и молчиш, кога нечес­тивиот проголтува човек што е по­праведен од него? 14#Изреки 6,7; Проп 9,12Ги оставаш луѓето како риба в море и како лазачи, кои немаат господар? 15#Ер 16,16; Ез 12,13; 17,20; 32,3; Амос 4,2Непријателот со јадици ги лови, ги лови во мрежата своја, ги извлекува и ги собира на суво, па затоа се радува и весели. 16Затоа на мрежата своја ѝ принесува жртва и на торбата ѝ кади со темјан, зашто тие му прибавуваат сладок залак и вкусна храна. 17Ќе продолжи ли тој да ја празни мрежата своја и постојано да ги убива народите безмилосно?

Селектирано:

Авакум 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се