Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 9:9-17

Создавање 9:9-17 MK2006

„А Јас, еве, го поставувам заветот Мој со вас и со вашето потомство по вас, и со секоја жива душа, која е со вас, со птиците, и со добитокот, и со сите земни ѕверови, што се со вас, со сѐ она што излегло од ковчегот, со сите земни животни; го поставувам заветот Мој со вас дека отсега нема веќе ниедна плот да загине од потоп и дека повеќе не ќе има потоп да ја запустува земјата!“ И рече Бог: „Еве го знакот на заветот, што го поставувам меѓу Мене и вас и меѓу секоја жива душа, која е со вас, за сите идни поколенија: божилак Свој поставувам во обла­кот, за да биде знак на заветот меѓу Мене и земјата. Па кога облак ќе навеам на земјата, ќе се појави божилакот во облакот, и ќе си спомнам за заветот Мој, кој е меѓу Мене и вас и меѓу секоја душа, што живее во плот; и нема веќе да има потоп за да ја уништи секоја плот. Божилакот ќе биде во облакот, и Јас ќе го видам и ќе си спомнам за вечниот завет меѓу Бога и меѓу секоја жива душа во секоја плот, што е на земјата.“ И му рече Бог на Ное: „Тоа е зна­кот на заветот, што го поставив меѓу Мене и меѓу секоја плот, што е на земјата!“