Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 7

7
Ное влегува во ковчегот
1 # 1 Птр 3,20; 2 Птр 2,5 И му рече Господ на Ное: „Влезете во ковчегот ти и целото твое семеј­ство, бидејќи ти си единствениот праведен пред Мене во овој род, 2#5 Мојс 14и земи со себе од секое чисто животно по седум од машки и женски пол, а од нечистите животни – по две, машки пол и женски пол; 3исто така и од небеските птици по седум, од машки и од женски пол, за да им се зачува родот нивни по целата земја. 4Зашто по седум дена ќе пуштам дожд на земјата, што ќе се излива четириесет дена и четириесет ноќи, и ќе го истребам од земјата секое суш­тество, што сум го создал.“ 5И Ное направи сѐ што му заповеда Господ.
Големиот потоп
6А Ное имаше шестотини години ко­га се случи потопот на земјата. 7И влезе Ное во ковчегот, и синовите негови, и жената негова, и жените на синовите негови со него, заради водениот потоп. 8И од чистите и од нечистите животни, и од птиците и од сѐ што се влечеше по земјата, 9влегоа кај Ное во ковчегот по две, машко и женско, како што Бог му заповеда на Ное. 10А по седмиот ден дојдоа водите од потопот на земјата. 11#Ис 24,18; Пс 78,15-16; 104,6-9; Јов 12,15; 2 Птр 3,6Во шестотата година од животот на Ное, во вториот месец од таа година, седумнаесеттиот ден од месецот, во тој ден бликнаа сите извори на големата бездна и се отворија окната небески; 12и се лиеше дожд на земјата че­тириесет дена и четириесет ноќи. 13Во истиот ден во ковчегот влегоа Ное, неговите синови Сим, Хам и Јафет, и жената Ноева, и трите жени на синовите негови со нив. 14Тие, и сите ѕверови според родот нивни, и добитокот според неговиот род, и сите гадинки, што се влечеа по земјата, според нивниот род, и сѐ што лета, според родот негов, сите птици и сѐ што има крилја, 15влегоа во ковчегот кај Ное по две од секое суштество, во кое имаше животен дух; 16и тие што влегоа, машки и женски пол влегоа од секое суштество, како што му беше заповедал Бог. Потоа Господ го затвори ковчегот однадвор. 17Натопувањето на земјата потраја четириесет дена; водата надојде и го подзеде ковчегот; и тој се крена од земјата; 18водата се засилуваше многу и се умножуваше на земјата, а ковчегот пловеше по површината на водата. 19И нарасна водата на земјата толку многу, што ги покри сите високи планини, какви што има под целото небо; 20петнаесет лакти се издигаше водата над планините, откако ги покри. 21Тогаш го изгуби животот секое суштество што се движеше по земјата: и птиците, и добитокот, и ѕверовите, и сите лазачи, што се влечат по земјата, и сите луѓе; 22сѐ, што на копното имаше здив во ноздрите свои, изумре. 23#Ез 14,14И се истреби секое суштество, што живееше на земјата: од човекот до добитокот, и лазачите, и птиците небе­ски – сѐ беше истребено од земјата; останаа само Ное, и оние, кои беа со него во ковчегот. 24А водата беше над земјата сто и педесет дена.

Селектирано:

Создавање 7: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност