Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 48:1-14

Создавање 48:1-14 MK2006

Потоа му јавија на Јосиф: „Ене, татко ти е болен.“ А тој ги по­веде со себе двајцата синови свои, Ма­насија и Ефрем. И го известија Јаков, велејќи му: „Ете, синот твој Јосиф доаѓа кај тебе.“ А Израел собра сили и седна на постелата своја. И му рече Јаков на Јосиф: „Се­силниот мој Бог Ел-Шадај ми се јави во Луз, во земјата Ханан, ме благослови, и ми рече: ‚Ќе те направам плоден и многуброен; и ќе направам од тебе да произлезат многу народи, ќе ја дадам оваа земја и на твоето потомство по тебе во вечна сопственост.‘ А сега, двајцата синови твои, Ефрем и Манасија, кои ти се родија во египетската земја, пред да дојдам во Египет, нека бидат мои, како што ми се Рувим и Симеон. Децата, пак, кои ти се родија по нив, нека останат твои; а во наследството свое нека се викаат според имињата на браќата нивни. А кога се враќав од рамнината Арам, ми умре Рахила во хананската земја, по пат, близу до Ефрат, и јас ја погребав таму на патот за Ефрат, сега наречен Витлеем.“ А, откога ги виде Израел синовите Јосифови, праша: „Кои се овие?“ А Јосиф му рече на својот татко: „Тоа се моите синови, кои ми ги даде Бог овде.“ И рече Јаков: „Доведи ги кај мене, да ги благословам.“ Зашто очите на Израел му беа ослабеле од староста, па не можеше добро да гледа. А кога му ги доведе, ги прегрна и ги бакна. И му рече Израел на Јосиф: „Не се надевав дека ќе го видам лицето твое; но, ете, Бог ми ги покажа и твоите деца.“ Тогаш Јосиф ги истави од колената негови и се поклони со лицето доземи. Па ги зеде Јосиф обајцата, Ефрем во својата десна рака, спроти левата на Израел, а Манасија во својата лева рака, спроти десната на Израел, и ги приближи до него. А Израел ја пружи десната рака своја и ја стави врз главата на Ефрем, иако тој беше помал, а левата врз главата на Манасија. Така ги стави рацете намерно, макар што Манасија беше прво­роден.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност