Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 47

47
1И отиде Јосиф, па му јави на фараонот, велејќи: „Таткото мој и браќата мои, со својот ситен и крупен добиток, и со сѐ што имаат, дојдоа од хананската земја; и, ете, тие се сега во земјата Гесем.“ 2И земајќи од браќата свои пет души – ги претстави пред фараонот. 3А фараонот им рече на браќата негови: „Каква работа работите?“ Тие му одговорија на фараонот: „Овчари се слугите твои, и ние и нашите татковци.“ 4#5 Мојс 26,5И уште му рекоа на фараонот: „Дојдовме да поживееме во оваа земја, зашто нема пасишта за добитокот на слугите твои, бидејќи голем глад завладеа во хананската земја; затоа дозволи им на слугите твои да се населат во земјата Гесем.“ 5А фараонот му рече на Јосиф: „Тат­кото твој и браќата твои дојдоа кај тебе; 6земјата египетска е под твоја власт; насели ги на најдобро место: таткото твој и браќата твои; нека живеат во земјата Гесем; и, ако знаеш дека меѓу нив има способни луѓе, постави ги за надгледници над мојот добиток.“ 7#14,19Потоа го доведе Јосиф Јакова, тат­кото свој и го претстави пред фараонот: Јаков го благослови фараонот. 8А фараонот го праша Јаков: „Колку години имаш?“ 9#25,7; 35,28; 47,28; Пс 90,9-10; Јов 14,1; Ефес 5,16Му одговори Јаков на фараонот: „Деновите на мојот живот на земјата се сто и триесет години. Малку се, а беа и несреќни и не ги достигнаа дните на татковците мои, колку што тие живееја.“ 10Потоа Јаков го благослови фарао­нот и си отиде од него. 11#2 Мојс 1,11; 12,37А Јосиф ги насели и таткото свој и браќата свои и им даде најдобро место во сопственост во земјата египетска во областа Рамесес, како што беше запо­ведал фараонот. 12И му даваше Јосиф жито на таткото свој и на браќата свои, и на целиот татков дом, според бројот на членовите.
Снаодливоста на Јосиф за време на гладот
13Но жито немаше по целата земја, зашто гладот стана многу голем: се истоштија египетската и хананската зем­ја од глад. 14#41,56-57И го собра Јосиф сето сребро што се наоѓаше во земјата египетска и во земјата хананска, за житото, што го купуваа, и го однесе Јосиф среброто во домот фараонов. 15И снема сребро во земјата египет­ска и во земјата хананска. Тогаш сите Египќани почнаа да доаѓаат кај Јосиф и викаа: „Дај ни леб! Зошто да умираме пред тебе? Среброто веќе заврши.“ 16А Јосиф им велеше: „Дајте го добитокот свој, па ќе ви дадам храна за добитокот, штом среброто сте го по­трошиле.“ 17#Изреки 11,26И го доведуваа добитокот свој кај Јосиф, а Јосиф им даваше жито за ко­њите, за ситниот и крупниот добиток и за магарињата. Така ги исхрани таа го­дина со жито во замена за сиот добиток нивни. 18А кога помина таа година, почнаа пак да доаѓаат кај него и втората година, велејќи: „Нема да криеме од господарот наш дека среброто наше сврши, а и стадата добиток се кај господарот наш, па не ни остана веќе ништо да му донесеме на господарот наш, освен те­лата наши и нивите наши. 19#Плач 1,11; 5,9; Неем 5,3За да не пропаднеме пред очите твои, купи нѐ нас и нивите наши за жито, па ние и земјата наша да му станеме робови на фараонот. А ти дај ни семе, да сееме и да останеме живи и да не умреме, та и земјата да не за­пусти.“ 20И така Јосиф ја купи за фараонот сета земја во Египет, бидејќи сите Егип­ќани ја продадоа својата земја на фараонот, зашто гладот ги притисна. И земјата стана фараонова. 21А народот го пороби од едниот крај на Египет до другиот. 22Само не ги купи имотите на свештениците, бидејќи фараонот имо­тите им ги подарил, и тие се хранеа од давачки, што им ги определил фарао­нот. Затоа тие не ја продадоа својата земја. 23Јосиф, пак, му рече на народот: „Ете, ве купив денес вас и нивите ваши за фараонот. Па, еве ви семе, и посејте ги нивите. 24#45,6Но од родот една петина ќе му давате на фараонот, а четирите дела не­ка останат за вас: за сеење на нивите и за прехрана ваша и на оние, кои се по домовите ваши, како и за прехрана на вашите деца.“ 25А тие рекоа: „Ти ни го запази животот; нека најдеме милост пред господарот наш и да му бидеме робови на фараонот.“ 26#41,34; Езд 7,24И донесе Јосиф закон, кој е и денес во сила во земјата египетска: петина му припаѓа на фараонот, освен од земјата на свештениците, што не стана фара­онова.
Последната желба на Јаков
27 # 35,11; 5 Мојс 26,5; Пс 105,24 А Израел се насели во египетската земја, во областа Гесем, и ја владееја, и се изнародија и намножија многу. 28И поживеа Јаков во египетската земја седумнаесет години; Јаков живее­ше вкупно сто четириесет и седум години. 29А кога се наближи времето Израел да умре, го повика својот син Јосиф и му рече: „Ако сум нашол милост пред тебе, стави ја раката твоја под бедрото мое, и направи ми милост и вети ми дека нема да ме погребеш во Египет. 30#49,29-32; 50,5-13Но за да почивам кај татковците мои, ќе ме пренесеш надвор од Египет и ќе ме погребеш во гробот нивни.“ А тој рече: „Ќе направам како што ве­лиш.“ 31#1 Цар 1,47И му рече: „Заколни ми се!“ И тој му се заколна. Тогаш Израел му се поклони врз перницата од својата постела.

Селектирано:

Создавање 47: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност