Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 44:1-13

Создавање 44:1-13 MK2006

Потоа му заповеда Јосиф на управителот на домот, велејќи: „Напол­ни им ги на овие луѓе вреќите со жито, колку што можат да носат, и на секого во отворот на вреќата стави им го среброто нивно; а чашата моја сребрена стави му ја на најмалиот во вреќата, заедно со среб­рото негово за купеното жито!“ И тој направи така, како што му рече Јосиф. А утредента, на осамнување, ги испратија луѓето со нивните магариња. Уште не беа изминале многу пат од градот, му рече Јосиф на човекот, кој управуваше со домот негов: „Стани, оди брзо по оние луѓе, а, кога ќе ги сти­г­неш, кажи им: ‚Зошто враќате зло за добро‘. Не е ли тоа чашата, со која пие мојот господар? А тој на неа ги чита и претскажувањата! Тоа што го направивте е лошо.“ И тој ги стигна, и им ги рече овие зборови. А тие му одговорија: „Зошто зборуваш, господаре, такви зборови? Не, слугите твои такво нешто не би напра­виле. Дури и среброто, што го најдовме при отворот на вреќите, го вративме од хананската земја, па како можеме да украдеме од куќата на господарот твој сребро или злато? А при кого од слугите твои ќе се најде чашата, тој нека загине; а ние, пак, ќе му бидеме робови на господарот наш.“ А тој, пак, рече: „Добро, нека биде така, како што рековте; но во кого ќе се најде чашата, тој нека ми биде роб, а вие другите нема да бидете виновни.“ И тие брзо ги симнаа вреќите свои, и ги одврзаа секој својата вреќа. А тој почна да бара, почнувајќи од најстариот, и завршувајќи со најмалиот; и се најде чашата во вреќата Венијаминова. Тогаш ја раскинаа облеката своја, па го натоварија секој товарот на своето магаре, и се вратија во градот.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност