А по две години сони сон фараонот – како стои крај една река. И одеднаш – од реката излегоа седум убави и дебели крави, па почнаа да пасат во мочуриштето; а по нив, потоа, од реката излегоа други седум крави, грди и слаби и застанаа кај другите крави на брегот. И грдите и слаби крави ги изедоа оние седум убави и дебели крави. Тогаш се разбуди фараонот. Потоа пак заспа и сони втор сон, а тоа – седум класја израснаа од едно стебло, јадри и убави; а по нив израснаа седум празни, исушени од ветар. Потоа празните и исушените класја ги изедоа седумте големи и јадри класја. Тогаш фараонот се разбуди, но тоа беше сон. Утредента се вознемири душата негова, та нареди, и беа повикани сите гаталци египетски и сите мудреци. И фараонот им раскажа што сонил, но никој не се најде да го протолкува сонот на фараонот. Тогаш му проговори на фараонот главниот винар и рече: „Денес се сетив за гревот мој. Кога фараонот се налути на слугите свои и нѐ фрли в затвор во куќата на стражарскиот заповедник, мене и главниот пекар, сонувавме во иста ноќ јас и тој, но секој од нас свој сон видовме со свое значење. А таму со нас беше еден млад Евреин, слуга на заповедникот на стражата; ние му ги раскажавме соништата наши, а тој на секого од нас му го протолкува сонот. И како што ни кажа, така и стана: јас бев вратен на мојата служба, а оној другиот беше обесен.“ Тогаш фараонот нареди, та го повикаа Јосиф, и брзо го изведоа од затворот, а тој се потстрижа и се преоблече, па излезе пред фараонот. А фараонот му рече на Јосиф: „Сонив сон, а никој не може да ми каже што значи: а за тебе слушам дека умееш да толкуваш соништа.“ Јосиф му одговори на фараонот и рече: „Тоа не е од мене, туку Бог ќе му даде одговор на фараонот за негово добро.“
Прочитај Создавање 41
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 41:1-16
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа