Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 37:28-35

Создавање 37:28-35 MK2006

Па кога мидјанските трговци минуваа покрај нив, тие го извадија Јосиф од јамата и им го продадоа на Јишмаелците за дваесет парчиња сребро; а овие го одведоа Јосиф во Египет. А кога се врати Рувим кај јамата, Јосиф го немаше во неа. Тогаш тој ја раскина облеката своја. И отиде кај браќата свои и рече: „Го нема момчето: а сега, каде да се денам јас?“ Тогаш ја зедоа Јосифовата облека, и заклаа јаре, па ја натопија облеката со крв. И ја испратија шарената облека да се однесе на нивниот татко и да се рече: „Го најдовме ова, па види дали е тоа облеката на синот твој, или не?“ А тој ја позна и рече: „Облеката е на мојот син, крвожеден ѕвер го изел; Јосиф е, навистина, растргнат!“ И ја раскина Јаков облеката своја, па се препаша со вреќиште околу себе; и го оплакуваше синот свој многу де­нови. И се собраа сите негови синови и ќерки да го тешат; но тој не можеше да се утеши, туку велеше: „Со тага ќе појдам по синот мој во светот на мртвите.“ Така го оплакуваше.