Создавање 37:28-35
Создавање 37:28-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Па кога мидјанските трговци минуваа покрај нив, тие го извадија Јосиф од јамата и им го продадоа на Јишмаелците за дваесет парчиња сребро; а овие го одведоа Јосиф во Египет. А кога се врати Рувим кај јамата, Јосиф го немаше во неа. Тогаш тој ја раскина облеката своја. И отиде кај браќата свои и рече: „Го нема момчето: а сега, каде да се денам јас?“ Тогаш ја зедоа Јосифовата облека, и заклаа јаре, па ја натопија облеката со крв. И ја испратија шарената облека да се однесе на нивниот татко и да се рече: „Го најдовме ова, па види дали е тоа облеката на синот твој, или не?“ А тој ја позна и рече: „Облеката е на мојот син, крвожеден ѕвер го изел; Јосиф е, навистина, растргнат!“ И ја раскина Јаков облеката своја, па се препаша со вреќиште околу себе; и го оплакуваше синот свој многу денови. И се собраа сите негови синови и ќерки да го тешат; но тој не можеше да се утеши, туку велеше: „Со тага ќе појдам по синот мој во светот на мртвите.“ Така го оплакуваше.
Создавање 37:28-35 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш пристигнаа луѓе, мадијамски трговци. Браќата го извлекоа од јамата за вода и им го продадоа на Исмаилците за дваесет сребреници, а тие го одведоа Јосифа во Египет. Кога Рувим се врати до јамата за вода и виде дека го нема Јосифа во јамата за вода, ја скина својата облека. А кога се врати при своите браќа, извика: „Детето го нема! Каде ќе се скријам сега јас!“ А тие ја зедоа Јосифовата облека, заклаа едно јаре и облеката ја натопија во крв. Му ја испратија шарената облека на таткото и му порачаа: „Го најдовме ова! Гледај, дали е ова облеката на твојот син или не е?“ Тој ја препозна и рече: „Облеката е на мојот син! Див ѕвер го растрга! Јосиф е растрган на делови!“ И Јаков ја скина својата облека, стави покорничко вреќиште околу половина, и долго време го оплакуваше својот син. Сите негови синови и сите негови ќерки настојуваа да го утешат, но тој не можеше да се утеши. Велеше: „Со тага ќе слезам при својот син во подземјето. Така го оплакуваше неговиот татко.