Потоа на Авраам му се јави Господ кај светите дрвја во Мамре, кога седеше пред вратата од шаторот свој, на пладнина. Откако ги крена очите свои, виде Тројца мажи како стојат спроти него. Откако ги виде, им притрча во пресрет пред вратата на шаторот, и им се поклони доземи. И рече: „Господи, ако сум нашол милост пред Тебе, немој да го одминеш слугата Свој! Ќе ви донесат малку вода и ќе ги измијат нозете ваши, па одморете се малку под ова дрво! И ќе Ви донесам малку леб за да се поткрепите штом веќе навративте кај слугата Ваш, па тогаш продолжете го својот пат.“ Тие рекоа: „Направи, како што велиш!“ И Авраам отрча во шаторот кај Сара, и ѝ рече: „Замеси брзо три мери од најдоброто брашно и испечи погачи!“ Па отрча кај говедата и фати младо и згоено теле, и му го даде на момокот, и тој побрза да го зготви.
Прочитај Создавање 18
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 18:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа