Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 12:1-9

Создавање 12:1-9 MK2006

И му рече Господ на Аврам: „Излези од својата земја, и од родот свој, и од домот на татко си, па појди во земјата што ќе ти ја покажам Јас! А од тебе ќе направам голем народ, и ќе те благословам, и името твое ќе го прославам и ти ќе бидеш благословен. Ќе ги благословам оние, што тебе ќе те благословуваат, и ќе ги проколнам оние, што тебе ќе те проколнуваат и преку тебе ќе бидат благословени сите народи на земјата.“ Тогаш тргна Аврам, како што му ка­жа Господ, а со него појде и Лот. Аврам имаше седумдесет и пет години кога излезе од Харан. И ги зеде Аврам Сараја, жената своја, и Лот, братанецот свој, со целиот имот што го беа спечалиле, и слугите што ги беа придобиле во Харан, па из­легоа за да отидат во земјата хананска. И Аврам ја помина таа земја до мес­тото Сихем, кај светото дрво во Мамре; а тогаш во таа земја живееја Хананци. И му се јави Господ на Аврам и му рече: „Оваа земја ќе му ја дадам на тво­ето потомство.“ И му подигна таму жртвеник на Господ, Кој му се јави. Потоа оттаму тој замина кон планината, на исток од Ветил, и таму го распна шаторот свој; и Ветил му беше од запад, а Гај од исток; и таму Му подигна на Господ жртвеник, и го призва името Господово. А оттаму се крена Аврам и се упати кон југ.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Создавање 12:1-9

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност