Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 12:1-9

Создавање 12:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И му рече Господ на Аврам: „Излези од својата земја, и од родот свој, и од домот на татко си, па појди во земјата што ќе ти ја покажам Јас! А од тебе ќе направам голем народ, и ќе те благословам, и името твое ќе го прославам и ти ќе бидеш благословен. Ќе ги благословам оние, што тебе ќе те благословуваат, и ќе ги проколнам оние, што тебе ќе те проколнуваат и преку тебе ќе бидат благословени сите народи на земјата.“ Тогаш тргна Аврам, како што му ка­жа Господ, а со него појде и Лот. Аврам имаше седумдесет и пет години кога излезе од Харан. И ги зеде Аврам Сараја, жената своја, и Лот, братанецот свој, со целиот имот што го беа спечалиле, и слугите што ги беа придобиле во Харан, па из­легоа за да отидат во земјата хананска. И Аврам ја помина таа земја до мес­тото Сихем, кај светото дрво во Мамре; а тогаш во таа земја живееја Хананци. И му се јави Господ на Аврам и му рече: „Оваа земја ќе му ја дадам на тво­ето потомство.“ И му подигна таму жртвеник на Господ, Кој му се јави. Потоа оттаму тој замина кон планината, на исток од Ветил, и таму го распна шаторот свој; и Ветил му беше од запад, а Гај од исток; и таму Му подигна на Господ жртвеник, и го призва името Господово. А оттаму се крена Аврам и се упати кон југ.

Создавање 12:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Господ му рече на Аврама: „Излези од својата земја, од родното место и од татковиот дом; и оди во земјата што ќе ти ја покажам. Ќе направам голем народ од тебе, ќе те благословам, ќе го прославам твоето име и самиот ќе бидеш благослов. Јас ќе ги благословам оние, кои ќе те благословуваат, а ќе ги проколнам оние, кои ќе те проколнуваат. И во тебе ќе бидат благословени сите племиња на земјата. Тогаш Аврам тргна, како што му рече Господ. И Лот тргна со него. Аврам имаше седумдесет и пет години кога излезе од Харан. Аврам ги поведе со себе: својата жена Сара и својот внук Лот, со целиот имот што го спечалија и со сите луѓе што ги доби во Харан, и сите тргнаа кон Ханаанската Земја. Кога стигнаа во Ханаан, Аврам ја пропатува земјата до местото Сихем - до дабот Море. Во тоа време Ханаанците живееја во земјата. Господ му се јави на Аврама и рече: „Ќе му ја дадам оваа земја на твоето потомство.“ И Аврам му направи таму жртвеник на Господа, Кој му се јави. Оттаму се премести кон ридот, што е на исток од Ветил. Таму го оптегна својот шатор, меѓу Ветил на запад и Гај на исток. И таму Му направи жртвеник на Господа и го повика Господовото име. Потоа Аврам продолжи да патува сѐ кон југ, кон Негев.