Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 11:1-9

Создавање 11:1-9 MK2006

По целата земја имаше еден јазик и исти зборови. А кога луѓето се селеле од исток, најдоа рамнина во земјата Сенаар и се населија таму. И си рекоа меѓу себе: „Ајде да пра­виме тули и на оган да ги печеме!“ И користеа тули наместо камен и земјана смола наместо вар. Потоа рекоа: „Ајде да си соѕидаме град и кула, висока до небото; и да се здобиеме со име, пред да се растуриме по целата земја!“ Тогаш Господ се спушти да го види градот и кулата, што ги ѕидаа синовите човечки. И рече Господ: „Ете, еден народ се и сите имаат еден јазик; ова е само поче­ток на нивните настојувања. Наскоро ќе прават сѐ што ќе наумат! Ајде да слеземе и да им го збркаме нивниот јазик за да не се разбираат еден со друг што зборуваат!“ И така Господ ги растури оттаму по целата земја, и престанаа да го ѕидаат градот. Затоа тој се нарече Вавилон, зашто таму го збрка Господ јазикот на целата земја и оттаму ги растури Господ по целата земја.